Мисајловски: Македонски војници на украинско тло нема да има
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Македонија нема да испраќа свои војници во Украина и досега не презела таква обврска, изјави министерот за одбрана Владо Мисајловски. Во гостување на „Канал 5“, тој јасно нагласи дека земјата не планира да испрати воен персонал на украинска територија, ниту пак ваква обврска произлегува од нејзиното членство во НАТО. „Ние никогаш не сме ветиле и никогаш не сме кажале дека македонски граѓани ќе одат. Тоа треба секој да го знае и многу пати сум ја давал оваа изјава. Македонски војници на украинско тло нема да има. Ние веруваме да има мировен договор, тоа е нашиот став“, рече Мисајловски. Според министерот, фокусот на земјата е насочен кон поддршка на мировните напори, како и кон можностите за помош при обновата на Украина по завршувањето на војната. Тој посочи дека Македонија разгледува можности за учество во меѓународни иницијативи преку трипартитни договори, кои би овозможиле донирање одредена опрема, а земјата за возврат би добила поддршка преку соодветни фондови. За ваквите можности, како што наведе Мисајловски, веќе било разговарано и со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Министерот објасни дека станува збор за иницијатива на големите сили на Европа — Франција, Германија и Обединетото Кралство — кои се обидуваат да придонесат повеќе за Европа и Украина. На прашањето дали Македонија, како членка на НАТО, би можела да одбие евентуално барање за испраќање војници, Мисајловски одговори дека таква обврска не произлегува од членството во Алијансата. „Ова не е обврска што произлегува од НАТО. Нема таква обврска. Станува збор за иницијатива на големите сили на Европа, Франција, Германија и Обединетото Кралство, каде што се обидуваат како да придонесат повеќе за Европа и Украина“, изјави министерот. Тој нагласи дека приоритет е прво да се постигне мир, а потоа да се разговара за останатите форми на поддршка. „Во овој период има позитивни најави за можен напредок кон мирно решение. Добро е што се разговара за мир. Тоа е нешто што сите го посакуваме и поддржуваме“,