Миноски: Јавниот долг на 60 отсто од БДП е сериозен аларм за македонската економија
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски предупреди дека јавниот долг на ниво од 60 проценти од бруто домашниот производ за држава која се наоѓа на степен на економски развој како Македонија треба да претставува сериозен сигнал за загриженост. Според него, неопходно е да се послушаат препораките на меѓународните финансиски институции и да се тргне кон фискална консолидација со која ќе се намалуваат дефицитите и ќе се намалува јавниот долг. Миноски ова го изјави во вечерашната дебата во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, каде што се разговараше за состојбата со јавните финансии и задолженоста на државата. Тој оцени дека е факт оти Македонија и во иднина ќе треба да продолжи да се задолжува, но дека суштинското прашање не е дали ќе се задолжуваме, туку што се финансира со тоа задолжување. „Факт е дека ние и во иднина ќе треба да продолжиме да се задолжуваме, меѓутоа едно сериозно прашање е што финансираме со тоа задолжување, кои се наши приоритети и дали ние сме фокусирани на структурни промени во економијата кои што евентуално ќе донесат поголеми стапки на раст за да можеме и полесно да се раздолжуваме“, вели Миноски. Според поранешниот министер за финансии, клучно е задолжувањето да биде насочено кон структурни промени во економијата, кои би овозможиле повисоки стапки на економски раст и, следствено, полесно раздолжување на државата во иднина. Тој смета дека без ваква насоченост консултациите со меѓународните финансиски институции и нивните препораки остануваат неискористени. Во дебатата учествуваше и пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, кој посочи дека за јавниот долг се важни два параметра — релативната задолженост и апсолутниот износ на задолженост. Според него, особено клучно е дали задолжувањето или растењето на јавниот долг во суштина генерира додадена вредност за економијата. „Особено клучно е дали задолжувањето или растењето на јавниот долг во суштина генерира додадена вредност за вашата економија. Ние во овој момент како државата се наоѓаме во ситуација