Министерството за енергетика со покровителство над националниот натпревар за зелени иновации за средношколци
FinPortal.mk · 24.9.2026 г.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска официјално ја најави поддршката и покровителството на Министерството, како и своето лично покровителство како министер, над Националниот натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации наменет за средните училишта. Најавата беше дадена во рамки на официјалното отворање на „Европската ноќ на истражувачите“, кое се одржа во МАНУ – Куќата на науката. Станува збор за натпревар кој речиси две децении ги поттикнува средношколците да размислуваат иновативно и претприемачки, како и своите идеи да ги претвораат во конкретни решенија за предизвиците на современото општество. Во последните години, натпреварот е целосно насочен кон зелените иновации и развојот на вештини потребни за зелената транзиција. Настанот се одржува во рамки на „Европската ноќ на истражувачите“, иницијатива која ја приближува науката, истражувањето и иновациите до граѓаните, а особено до младите. Токму од ова место, министерката Божиновска испрати порака дека институциите мора да создаваат простор младите идеи да добијат поддршка и можност да се претворат во реални решенија. „Ако сакаме зелена и одржлива иднина, мора да инвестираме во младите кои ќе ја создаваат. Со ова покровителство застануваме зад нивното знаење, креативност и иновативност и испраќаме јасна порака дека нивните идеи се важни и дека институциите се тука да ги поддржат. Тоа е поддршка на знаењето, иновацијата, претприемништвото и храброста на младите да создаваат решенија“, порача Божиновска. Во своето обраќање пред претставниците на МАНУ, истражувачите, професорите и наставниците, министерката истакна дека токму ваквите иницијативи се мостот меѓу науката, образованието, иновациите и реалните потреби на општеството. Таа нагласи дека „Европската ноќ на истражувачите“ е можност науката да излезе од лабораториите и академските кругови и да стане поблиска до граѓаните, особено до младите. Во време на брз технолошки развој, вештачка интелигенција и но