Министерството за енергетика со максимални 100 проценти активна транспарентност — единствено меѓу сите министерства

FinPortal.mk · 29.9.2026 г.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) постигна целосна активна транспарентност од 100 проценти, според официјалниот Индекс на активна транспарентност за 2026 година на Центарот за граѓански комуникации. Со тоа, оваа институција, формирана во 2024 година, за само две години од своето основање го достигна максималниот можен резултат — целосно исполнување на обврските за проактивно објавување информации од јавен карактер. Според официјалниот извештај, МЕРМС е единственото министерство со освоени максимални 100 проценти активна транспарентност во 2026 година. Индексот ја мери исполнетоста на обврските за активно, односно проактивно објавување информации на интернет-страниците на институциите. Активната транспарентност, како што ја дефинира Центарот за граѓански комуникации, подразбира институциите на сопствена иницијатива да објавуваат информации од јавен карактер, без граѓаните претходно да мора да поднесат барање за нив. Резултатот од 100 проценти е силна потврда дека отвореноста, отчетноста и навременото информирање на јавноста се поставени како стандарден начин на работа на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Во оценувањето се опфатени клучни области како пристапот до информации од јавен карактер, надлежностите и услугите на институцијата, одговорноста, отчетноста и интегритетот, како и буџетската и финансиската транспарентност. Дополнително, се оценува и навременоста и целоста на одговорот на барање за слободен пристап до информации од јавен карактер. МЕРМС е институција формирана во 2024 година, а за само две години воспостави нови процедури, работни процеси и стандарди, но и култура на работа во која отвореноста кон јавноста е дел од секојдневната институционална одговорност. Од Министерството порачуваат дека овој резултат е потврда на принципот дека граѓаните имаат право да знаат како работи институцијата, кои одлуки ги носи, кои политики ги спроведува и како се управува со јавните ресурси. Посебно значаен

Министерството за енергетика со максимални 100 проценти активна транспарентност — единствено меѓу сите министерства | FinPortal.mk

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) постигна целосна активна транспарентност од 100 проценти, според официјалниот Индекс на акт