Министерката Божиновска на промоцијата на новиот болид на MES Racing: Младите инженери се сегашниот потенцијал на Македонија
FinPortal.mk · 14.9.2026 г.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Божиновска, присуствуваше на официјалната презентација на новиот болид на MES Racing, македонскиот Formula Student тим составен од млади инженери и студенти кои во текот на изминатата година посветено работеа на неговиот развој. Настанот се одржа во амфитеатарот на Машинскиот факултет во Скопје, каде тимот ги претстави резултатите од изминатата сезона, процесот на работа и новиот болид, по што следуваше и негово демонстративно возење. За министерката Божиновска, ваквите проекти се најдобар пример дека Македонија има млади луѓе со знаење, амбиција и капацитет да создаваат сложени инженерски решенија и да се натпреваруваат на меѓународната сцена. „Македонија има иднина. А нејзината иднина се младите. Денес видовме што се случува кога знаењето, идеите, храброста и истрајноста ќе добијат поддршка. Овој болид не е само технички производ – тој е резултат на знаење, тимска работа, посветеност и многу часови вложен труд на овие млади луѓе“, истакна министерката Божиновска. Таа посочи дека инвестицијата во младите инженери, науката, техничкото знаење и иновациите е инвестиција во македонската економија и индустрија, затоа што токму вакви кадри се потребни за создавање современа, конкурентна и технолошки напредна економија. „Како институции мораме да бидеме поддршка за младите кои создаваат. Нашата задача е да им помогнеме нивното знаење и идеи да добијат можност да се развиваат и да станат дел од реалниот индустриски и економски развој. Не смееме да дозволиме талентот да остане само потенцијал – треба да создадеме услови тој да се претвори во резултат“, порача Божиновска. Особено значење има фактот што на проектот работат студенти од различни области, кои низ практична работа ги применуваат своите знаења од инженерството, машинството, електротехниката и други дисциплини, функционирајќи како вистински инженерски тим. По презентацијата, министерката Божиновска доби благодарница од тимот MES Racing за досегашната поддр