Минималната плата во Македонија купува 19 отсто повеќе храна отколку пред пет години

FinPortal.mk · 2.10.2026 г.

Граѓаните кои живеат од минимална плата во Македонија денес можат да купат околу 19 отсто повеќе храна отколку во август 2021 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Причината е едноставна: минималната плата во земјава пораснала побрзо од цените на храната и безалкохолните пијалоци. Во истиот петгодишен период, храната и безалкохолните пијалоци поскапеле за 46 отсто, додека минималната плата се зголемила за 74 отсто. Тоа значи дека со една минимална плата денес може да се купи значително поголема количина храна отколку пред пет години, што според пресметките претставува подобрување од околу 19 отсто во куповната моќ. Слична динамика е забележана и кај просечната плата. Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна бруто-плата во јули 2026 година достигнала 72.935 денари, наспроти 42.776 денари во јули 2021 година. Тоа претставува номинален раст од околу 71 отсто во период од пет години. Во истиот период, потрошувачките цени во август годинава се за околу 46 отсто повисоки од оние во август 2021 година. Податоците, оттука, покажуваат дека платите номинално растеле побрзо од цените, што овозможило зголемување на куповната моќ на граѓаните, барем кога станува збор за купување храна. Но, клучното прашање е како Македонија стои во споредба со остатокот од Европа. Анализата на „Еуроњуз бизнис“ покажува големи разлики меѓу европските земји. Додека во дел од нив минималните плати значително го надминале растот на цените на храната, во други работниците со минимална плата денес можат да купат помалку храна отколку пред пет години. Според податоците на Евростат, цените на храната и безалкохолните пијалоци во Европската Унија во просек се зголемиле за 34 отсто меѓу август 2021 и август 2026 година. Во споредба со европскиот просек, растот од 46 отсто во Македонија е повисок за 12 процентни поени, што значи дека храната во земјава поскапела посилно од просекот на Унијата. Сепак, разликите меѓу европските земји се значителни. Најв

Минималната плата во Македонија купува 19 отсто повеќе храна отколку пред пет години | FinPortal.mk

Граѓаните кои живеат од минимална плата во Македонија денес можат да купат околу 19 отсто повеќе храна отколку во август 2021 година, покажуваат податоците на Д