Минералните ресурси како основа за повисок стандард и запирање на иселувањето на младите

FinPortal.mk · 19.9.2026 г.

Економскиот развој, подобриот животен стандард и создавањето услови младите да останат и да ја градат својата иднина во Македонија мора да се темелат на знаење, наука и одговорно користење на природните ресурси. Тоа го порачуваат од иницијативата „И Здравје и Работа“, која смета дека во време кога минералните суровини стануваат сè поважни за европската и светската економија, нашата земја треба да го искористи сопствениот потенцијал преку стручни анализи, современи технологии и високи стандарди за заштита на животната средина. Од иницијативата посочуваат дека науката и експертизата треба да бидат основа за носење одлуки поврзани со рударството и искористувањето на минералните ресурси. Според нив, Македонија располага со значајни наоѓалишта, меѓу кои и бакарното наоѓалиште „Иловица–Штука“, чиј потенцијал треба да се разгледува низ призма на економскиот развој, интересот на граѓаните и примената на современи еколошки стандарди. „Неопходно е да престанеме да ги гледаме природните ресурси само како неискористен потенцијал. Тие треба да бидат ставени во функција на подобар живот за граѓаните, нови работни места, повисоки приходи и создавање перспективи за младите генерации. Науката треба да го покажува патот, а институциите да обезбедат законска сигурност, контрола и одговорно управување“, велат од „И Здравје и Работа“. Од иницијативата нагласуваат дека одговорното развивање на рударските проекти може да придонесе за отворање директни и индиректни работни места, развој на локалните бизниси, зголемување на извозот и подобрување на јавните приходи. Овие економски ефекти, според нив, се особено значајни во услови кога земјата се соочува со демографски предизвици и иселување на младото население. „Белата чума“ не може да се спречи со една мерка или со декларативни политики. Потребни се стабилна економија, добро платени работни места, развиена инфраструктура, квалитетно образование и сигурна иднина за семејствата. Инвестициите во стратешки индустрии, вклучително и современото

Минералните ресурси како основа за повисок стандард и запирање на иселувањето на младите | FinPortal.mk

Економскиот развој, подобриот животен стандард и создавањето услови младите да останат и да ја градат својата иднина во Македонија мора да се темелат на знаење,