Минчев: Вложувањето во знаење на администрацијата е инвестиција во довербата на граѓаните

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Министерството за јавна администрација го започна новиот циклус генерички обуки за административните службеници за 2026 година, со цел знаењето и професионалниот развој да се претворат во поквалитетна, побрза и подостапна услуга за граѓаните. По обуките што веќе се реализирани во Скопскиот, Полошкиот, Источниот и Пелагонискиот регион, циклусот продолжува во Југоисточниот регион, а досега низ програмата поминаа повеќе од 1.000 административни службеници. „Јавната администрација не е трошок. Таа е инвестиција во државата. Инвестиција во знаење. Инвестиција во доверба. Инвестиција во подобри услуги за граѓаните“, порача министерот за јавна администрација Горан Минчев на денешното отворање на обуките во Струмица. Според него, граѓанинот ја чувствува државата тогаш кога службеникот постапува професионално, одговорно и со почит, поради што обуките се гледаат како инвестиција во знаењето, во компетенциите и во квалитетот на јавната услуга. Преку денешната програма административните службеници се стекнуваат со знаења и практични вештини во три области од особено значење за нивната секојдневна работа — менторство, комуникациски вештини, како и еднаквост и недискриминација. Целта е обуките да не останат само во училницата, туку стекнатото знаење да се примени во институциите и директно да придонесе за подобар однос и подобра услуга кон граѓаните. Овој процес е дел од пошироката реформа на системот за професионален развој на административните службеници. Со Законот за стручно усовршување и обука е поставена основата за систем во кој учењето и развојот ќе бидат континуиран дел од кариерата, а во 2027 година се очекува да започне со работа Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници. Од Министерството за јавна администрација додаваат дека продолжуваат да вложуваат во создавање администрација која учи, се развива и презема одговорност за резултатите што ги испорачува. Како што нагласуваат, зад секој документ, секоја постапка и секоја услуга стои чов

Минчев: Вложувањето во знаење на администрацијата е инвестиција во довербата на граѓаните | FinPortal.mk

Министерството за јавна администрација го започна новиот циклус генерички обуки за административните службеници за 2026 година, со цел знаењето и професионалнио