Минчев: Новата академија за администрација ќе се гради по европски стандарди, со фокус на знаење и компетенции
FinPortal.mk · 2.10.2026 г.
Министерот за јавна администрација Горан Минчев оствари работна посета на Националното училиште за јавна администрација на Италија – SNA, каде што со претседателот на оваа институција, проф. Џенаро Терачано, разговараше за конкретни можности за продлабочување на соработката меѓу двете институции. Посетата се случува во пресрет на воспоставувањето на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници во Македонија, која треба да почне со работа во јануари 2027 година. Како што соопштија од Министерството за јавна администрација, во фокусот на разговорот во Рим било воспоставувањето директен институционален канал за соработка меѓу SNA и идната македонска академија. Целта е создавање современ систем за професионален развој на административните службеници, развој на нова генерација раководители и воспоставување силна институција за обука и развој на администрацијата. Националното училиште за јавна администрација на Италија – SNA е институција на Претседателството на Советот на министри на Италија, со значајна улога во регрутирањето и обуката на државните службеници и раководители, како и во истражувањето и развојот на капацитетите на јавната администрација. Токму поради тоа, македонската страна гледа на оваа институција како на партнер од кој може да се учат искуства во развојот на административниот и раководниот кадар. „За нас, Академијата не е само нова институција, туку нов пристап кон професионалниот развој на администрацијата. Го воспоставуваме системот во кој знаењето, компетенциите и континуираното усовршување стануваат темел на современата јавна администрација. Токму затоа ни е важно да учиме од искуствата на институции како SNA, кои имаат долгогодишно искуство во развојот на административниот и раководниот кадар“, истакна министерот Минчев за време на средбата. Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници беше донесен во 2025 година и претставува основа за формирање на Академијата како орган во состав во рамки н