Минчев: Квалитетот на јавните услуги ќе се мери преку задоволството на граѓаните, а не преку бројот на донесени акти

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денес порача дека јавната администрација мора да им служи на граѓаните со помалку чекање, без непотребно собирање документи и без препраќање од шалтер на шалтер, бидејќи токму таква администрација им е потребна на луѓето и кон неа мора да се движи секоја институционална реформа. Оваа порака тој ја упати на отворањето на тридневната TAIEX работилница насловена „Зајакнување и унапредување на системот за управување со квалитет во јавниот сектор во Северна Македонија“, соопшти неговиот кабинет. Според Минчев, квалитетот на јавните услуги не смее да се мери само преку бројот на реализирани активности и донесени одлуки, туку пред сè преку она со што граѓаните се соочуваат секој ден. Тој нагласи дека управувањето со квалитет не треба да остане само формална обврска или примена на одреден модел, туку да прерасне во начин на работа на секоја институција, заснован на одговорност, мерење на резултатите и постојано подобрување. „За нас, квалитетот е дел од пошироката реформа на јавната администрација. Нашата цел е да изградиме институции кои се поефикасни и поодговорни, но и институции кои имаат капацитет да учат од сопственото работење и постојано да ги подобруваат своите резултати. Успехот на една институција не треба да го мериме само според бројот на донесени акти или реализирани активности. Прашањето е едноставно: дали граѓанинот добил подобра услуга, дали процесот е поедноставен, дали времето е пократко и дали институцијата навистина одговорила на потребата за која постои“, истакна министерот Минчев. На отворањето на работилницата се обрати и амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер, кој во знак на досегашната соработка и споделувањето на своите искуства оцени дека тоа дава значаен придонес во унапредувањето на управувањето со квалитет во јавниот сектор. Министерството за јавна администрација веќе спроведе мерење на квалитетот на услугите преку методологијата „таен клиент“ и анкети со корисници на услуги, со опфат н

Минчев: Квалитетот на јавните услуги ќе се мери преку задоволството на граѓаните, а не преку бројот на донесени акти | FinPortal.mk

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денес порача дека јавната администрација мора да им служи на граѓаните со помалку чекање, без непотребно собир