Минчев: Академијата за административни службеници ќе почне со работа на 1 јануари 2027 година

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска од Прилеп порача дека професионалната администрација не се гради со декларации, туку со знаење, одговорност и конкретни резултати, и дека институциите не се вреднуваат според бројот на донесени документи, туку според квалитетот на нивната работа и услугите што ги добиваат граѓаните. Минчев се обрати на вториот циклус генерички обуки за административните службеници за 2026 година, каде што ја претстави определбата на министерството за градење администрација што знае, умее и испорачува. „Не е доволно да имаме закони и процедури ако немаме луѓе што знаат доследно да ги применуваат. Знаењето без примена останува потенцијал, професионалноста без одговорност е само декларација, а работата без резултати не ја исполнува својата цел. Нашата обврска е да изградиме администрација што знае, умее и испорачува“, истакна Минчев пред административните службеници. Сржта на оваа определба, како што беше наведено, е Академијата за професионален развој и обука на административните службеници, чиј почеток со работа е планиран за 1 јануари 2027 година. Академијата треба да воспостави систем во кој учењето нема да биде повремена активност, туку континуиран процес, а професионалниот развој составен дел од работата на секој административен службеник. „Академијата не е само место за обуки, туку темел на администрацијата што сакаме да ја изградиме. Не можеме да очекуваме подобри услуги ако не вложуваме во луѓето што ги обезбедуваат. Затоа воспоставуваме систем што ќе го развива знаењето, ќе ги унапредува професионалните компетенции и ќе ја зајакнува одговорноста. Силата на институциите почнува со квалитетот на луѓето, а нивната вредност се докажува со резултатите што ги испорачуваат“, порача министерот. Според изнесеното, во тек се подготовките за функционирање на Академијата, развојот на програмите и модулите за обука, унапредувањето на системот за електронско учење (ЛМС) и обезбедувањето услови за спроведување на обуките. Министерствот

Минчев: Академијата за административни службеници ќе почне со работа на 1 јануари 2027 година | FinPortal.mk

Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска од Прилеп порача дека професионалната администрација не се гради со декларации, туку со знаење, одговорн