Минчев: Академијата за административни службеници ќе биде траен механизам за професионален развој, а не проект со рок

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Професионална, ефикасна и одговорна јавна администрација се гради со луѓе кои имаат знаење, компетенции и капацитет да одговорат на потребите на граѓаните. Ова го истакна министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во своето обраќање на конференцијата „Патоказ за Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници: заедничка мисија“, посветена на досегашниот напредок и следните чекори за воспоставување на Академијата. Министерот нагласи дека реформата на јавната администрација не завршува со донесувањето закони и утврдувањето процедури, туку мора да се потврди преку квалитетот на работата на институциите и услугите што ги добиваат граѓаните. „Професионална администрација не се гради само со нови правила, туку и со луѓе кои имаат знаење, интегритет и капацитет да ги применуваат тие правила. Затоа Академијата ја гледаме како траен механизам за професионален развој, а не како проект со ограничено времетраење“, истакна Минчев. Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници е дел од поширокиот процес на професионализација на јавната администрација. Министерството веќе работи на нејзиното институционално поставување, организацискиот модел, развојот на програмите за обука и дефинирањето на приоритетите. Целта е Академијата да започне со работа на почетокот на 2027 година и да обезбеди континуирано надградување на знаењата и компетенциите на административните службеници. На конференцијата се обрати и Јелена Мрдак, в.д. директорка на Регионалното училиште за јавна администрација – РеСПА, која ја истакна важноста на партнерството и институционалната соработка во процесот на воспоставување на Академијата. Соработката со РеСПА овозможува поврзување на домашните реформски приоритети со регионот, што е важен чекор кон создавање на нова генерација професионални административни службеници. Според изнесеното на конференцијата, воспоставувањето на Академијата не е изолиран чекор, туку дел од заедничка мисија во која учествуваат

Минчев: Академијата за административни службеници ќе биде траен механизам за професионален развој, а не проект со рок | FinPortal.mk

Професионална, ефикасна и одговорна јавна администрација се гради со луѓе кои имаат знаење, компетенции и капацитет да одговорат на потребите на граѓаните. Ова