Милошоски: Ставот на Каранфилова Пановска за преговарачката рамка е идентичен со позицијата на Румен Радев
FinPortal.mk · 5.10.2026 г.
Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, во гостување на телевизија Телма во емисијата „Топ тема“, реагираше на изјавата на заменик-претседателката на СДСМ, Каранфилова Пановска, оценувајќи дека нејзиниот став за преговарачката рамка всушност претставува позиција на бугарскиот претседател Румен Радев. Според Милошоски, тврдењето дека преговарачката рамка е европска и дека нема потреба од средби со официјална Софија целосно се совпаѓа со она што Радев го повторува во своите настапи. „Оваа позиција на заменик-претседателката на СДС, Каранфилова Пановска, дека преговарачката рамка е европска и нема потреба од било какви средби со претставници на официјална Софија, е позиција на Румен Радев. Румен Радев секогаш во своите настапи вика: нема потреба да се среќаваме со претставници од Македонија, дали е тоа премиер или претседател или министер за надворешни, особено не околу преговарачката рамка, нема тука Бугарија никаков удел, тоа е европска позиција“, изјави Милошоски во реплика на Каранфилова Пановска. Според него, она што СДСМ се обидува да го сокрие е фактот дека билатералниот проблем, кој е надвор од Копенхашките критериуми и барањата на Бугарија, со бланко потпис на Бујар Османи, на Ковачевски, на Никола Димитров и на Зоран Заев, сега е составен дел од преговарачката рамка. Милошоски нагласи дека токму тоа е големата тајна што СДСМ не сака да излезе во јавноста. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека една билатерална средба би го покажала актерот со кој треба директно да се разговара, со цел да не се кочат европските интеграции на земјата, но и Македонија да има предвидлив пат напред. Според него, ваквата средба би помогнала барем малку да се помести завесата на преговарачката рамка. „Но тоа е сепак билатерален проблем. И затоа, доколку има билатерална средба, барем малку ќе се помести завесата на оваа преговарачка рамка и ќе открие дека еден спорен дел којшто кај нас предизвикува големи фрустрации, но и кај Европската комисија, затоа ш