Милошоски: Дијаспората мора да добие можност да гласа, ВМРО-ДПМНЕ подготвено да го поддржи јавното финансирање на партиите

FinPortal.mk · 30.9.2026 г.

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека дијаспората треба да го оствари своето уставно загарантирано право на глас, и тоа преку електронско гласање или гласање по пошта, изјави денеска Антонијо Милошоски, потпретседател на Собранието и претставник на ВМРО-ДПМНЕ во работната група за реформи во изборното законодавство. Тој пред состанокот на работната група, што требаше да се одржи во 11 часот во Министерството за правда, потврди дека владејачката партија е подготвена да даде поддршка и за предлогот за јавно финансирање на политичките партии, кој доаѓа од Левица и ДУИ. Милошоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ на работниот состанок ќе учествува со конструктивен и аргументиран пристап, со цел процесот на усогласување на Изборниот законик со препораките на ОБСЕ и ОДИХР да се доведе до крај, како и да се осовремени изборното законодавство со што е можно поширок политички консензус. Според него, сепак, постојат два проблема што го оптоваруваат процесот. Првиот проблем е одлуката на СДСМ да го бојкотира овој процес, што, како што рече, претставува хендикеп, без оглед на тоа дали таа одлука е поврзана со внатрепартиски случувања или со ставот на партијата кон актуелното владејачко мнозинство. Вториот проблем што се наметнува е неусогласеното однесување на Левицата кон средствата што се наменети за политичко рекламирање во политичка кампања. Потпретседателот на Собранието потсети дека ВМРО-ДПМНЕ во предлог-законот веќе го прифатила она што како компромис заеднички го понудиле Левицата и ДУИ, но сега, како што забележа, тој предлог се проблематизира. И покрај тоа, владејачката партија останува подготвена, што и да договорат ДУИ и Левицата, заеднички да даде поддршка во однос на јавното финансирање на политичките партии. Милошоски ја истакна и единствената замолница на ВМРО-ДПМНЕ во овој процес – уставно загарантираното право секој државјанин да може да го оствари правото на глас, вклучително и дијаспората, да биде испочитувано. Тој посочи дека со новата технологија, на еден посовремен на

Милошоски: Дијаспората мора да добие можност да гласа, ВМРО-ДПМНЕ подготвено да го поддржи јавното финансирање на партиите | FinPortal.mk

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека дијаспората треба да го оствари своето уставно загарантирано право на глас, и тоа преку електронско гласање или гласање по по