Михајло Апостолски: Од генералштабен мајор до прв претседател на МАНУ

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

На 8 ноември 1906 година, во штипско Ново Село е роден еден од најмаркантните ликови во поновата македонска историја – Михајло Апостолски. Човекот кој успеа да биде сè она што на една нација во создавање ѝ е потребно: партизан, врвен воен стратег, командант на НОВ и ПОМ, политичар, историчар и академик. Растејќи со семејните приказни за Илинденското востание и премрежијата од Балканските војни, Апостолски уште од рана возраст се насочува кон воените науки и историјата. Втората светска војна го затекнува како генералштабен мајор. Откако ја преживува капитулацијата на кралската војска и краткото италијанско заробеништво, тој се враќа во окупираната Македонија и во 1941 година се поврзува со народноослободителното движење. Од јуни 1942 година, тој застанува на чело на Главниот штаб на народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија. Под негова команда, македонското антифашистичко движење прераснува во сериозна и организирана армија која успешно се изборува за слободна македонска држава. Како истакнат воен лидер, тој е еден од клучните учесници на Првото заседание на АСНОМ и член на неговиот Президиум. Она што го издвојува Апостолски од многумина негови современици е неговата интелектуална повоена трансформација. Откако се пензионира како генерал-полковник, тој униформата ја заменува со научна работа и станува еден од најважните столбови на македонската историографија. Долги години е директор на Институтот за национална историја, каде меѓу другото ја објавува и капиталната „Историја на ослободителната војна на македонскиот народ 1941-1945“. При основањето на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) во 1967 година, Апостолски е избран за нејзин прв редовен член, а во периодот од 1976 до 1983 година ја извршува и функцијата претседател на Академијата. Неговиот научен и општествен авторитет беше препознаен низ цела поранешна Југославија, со што станува член на речиси сите републички академии. Животот на Михајло Апостолски останува пример за

Михајло Апостолски: Од генералштабен мајор до прв претседател на МАНУ | FinPortal.mk

На 8 ноември 1906 година, во штипско Ново Село е роден еден од најмаркантните ликови во поновата македонска историја – Михајло Апостолски. Човекот кој успеа да