Мицкоски за случајот Михаилова: Бугарија покажува политички мускули, таа и татко ѝ кога-тогаш ќе одговараат
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Премиерот Христијан Мицкоски денеска за прв пат јавно се огласи за случајот со Ива Михаилова, кој е една од главните теми во јавноста, и притоа ја обвини Бугарија дека „покажува мускули“, а тврдењата на бугарските власти дека Михаилова легално ја поминала границата ги оцени како лажни. Обраќајќи се на новинарско прашање за време на презентацијата на новата инвестиција на германската компанија „Кромберг и Шуберт“ во Битола, Мицкоски се колебаше околу името на Михаилова, па на почетокот рече: „Ина… Ива. Како се викаше“. Премиерот го потврди она што претходно го изнесе министерот за внатрешни работи, дека Ива Михаилова нелегално заминала во Бугарија, односно била пренесена таму, и категорично ги отфрли информациите дека таа и нејзиниот адвокат ја преминале границата преку официјален граничен премин. „Апсолутно е невистина тоа што го емитуваа бугарските медиуми, односно го пласираа во јавноста, дека заедно со нејзиниот адвокат поминале на регуларен граничен премин и дека таму биле поздравени, дека им се салутирало и така натаму. Тоа претставува лага“, изјави Мицкоски. Според премиерот, последниот евидентиран влез на адвокатот на Михаилова во Македонија бил на 28 септември, што, како што нагласи, било потврдено и од бугарската страна. Тој ги критикуваше властите во Бугарија за начинот на кој се однесуваат во овој скандал. „Жалам што политичкото водство во Бугарија се обидува на овој начин да покаже политички мускули, а не ја сфаќа штетата што самото си ја прави на меѓународен план. Тоа е нивна одлука. Тие избрале ваква политика“, рече Мицкоски. Премиерот изрази жалење и поради, како што рече, начинот на кој Михаилова се претставува во Бугарија, нагласувајќи дека најголем дел од животот и образованието ги поминала во Македонија. Тој ги отфрли тврдењата за наводен договор и ја повика бугарската страна веднаш да ги врати Михаилова и нејзиниот татко. „Ако е тоа така договорено, ние ги бараме назад и неа и нејзиниот родител. Уште денеска нека ги донесат и да видиме дали е так