Мицкоски во Вашингтон се сретна со конгресмените Клаудиа Тени и Кит Селф

FinPortal.mk · 16.9.2026 г.

Премиерот Христијан Мицкоски, кој ја предводи владината делегација на работна посета на Соединетите Американски Држави, денеска во Вашингтон оствари средби со конгресменката Клаудиа Тени и со конгресменот Кит Селф. Средбите се одржаа во рамки на неговата посета на американската престолнина, каде што разговараше за билатералните односи и парламентарната соработка меѓу двете земји. На средбата со конгресменката Клаудиа Тени, која е копретседавач на Македонската група за пријателство во Конгресот на САД, премиерот Мицкоски разговараше за традиционално силните и пријателски односи меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, како и за значењето на парламентарната соработка и размената на искуства меѓу двете земји. Според објавата на премиерот на Фејсбук, посветеноста кон унапредување на партнерството, почитувањето на заедничките вредности и градењето стабилни односи остануваат важен темел за идната соработка. Освен со конгресменката републиканка Тени, Мицкоски се сретнал и со конгресменот Кит Селф, кој е претседател на Поткомитетот за Европа во Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД. На оваа средба, како што објави премиерот, се разговарало за значењето на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, за заедничките интереси и за можностите за понатамошно продлабочување на соработката во областите од значење за нашите две држави. Мицкоски, во рамки на посетата на САД, ќе учествува и на годинашното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Во интервју за Националниот сервис во понеделникот, премиерот изјави дека во Њујорк, на маргините на годинашното Генерално собрание на ОН, ќе се сретне со голем број државници и дека веќе има потврдени средби. Тој посочи дека во принцип се ориентирале на соседството, дека ќе има прием од страна на претседателот на Соединетите Американски Држави и дека ќе се обидат да имаат билатерални средби и со земји од Заливот, каде што сметаат дека треба да градат добри и солидни партнерски врск

Мицкоски во Вашингтон се сретна со конгресмените Клаудиа Тени и Кит Селф | FinPortal.mk

Премиерот Христијан Мицкоски, кој ја предводи владината делегација на работна посета на Соединетите Американски Држави, денеска во Вашингтон оствари средби со к