Мицкоски во Вашингтон: Разговори за инвестиции од американската развојна корпорација и зајакнување на стратешкото партнерство

FinPortal.mk · 17.9.2026 г.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со владината делегација, во рамките на посетата на Вашингтон оствари повеќе значајни средби со претставници на американските институции, Конгресот и економскиот сектор. Во фокусот на разговорите беа продлабочувањето на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, како и отворањето нови можности за економска и инвестициска соработка. Централна точка на економската агенда беше средбата на премиерот Мицкоски со Каролин Вик, главен директор за политики и вршител на должноста главен директор за развој во Американската корпорација за меѓународно финансиско развивање – DFC. Станува збор за институција која располага со инвестициски капацитет од 205 милијарди долари и претставува значаен инструмент на Соединетите Американски Држави за мобилизирање приватен капитал и инвестиции во стратешки сектори. На средбата со претставниците на DFC се разговараше за можностите за продлабочување на соработката и за потенцијални инвестиции во Македонија во повеќе области, со посебен акцент на енергетиката, високите технологии и други стратешки сектори. Во своето работење DFC посебен фокус става на енергетиката, современата инфраструктура и напредните технологии, а по проширувањето на нејзините овластувања институцијата располага со значително поголем капацитет за меѓународни инвестиции. Токму овој зголемен капацитет беше посочен како можност за идни проекти во Македонија. Посетата на Вашингтон беше искористена и за серија политички средби со претставници на американскиот Конгрес. Претседателот на Владата оствари средба со конгресменот Кит Селф, претседател на Поткомитетот за Европа во Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави. На средбата се разговараше за значењето на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, за заедничките интереси на двете земји, како и за можностите за понатамошно продлабочување на соработката во областите од зае

Мицкоски во Вашингтон: Разговори за инвестиции од американската развојна корпорација и зајакнување на стратешкото партнерство | FinPortal.mk

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со владината делегација, во рамките на посетата на Вашингтон оствари повеќе значајни средби со претставници