Мицкоски во Вашингтон бара инвестиции во енергетиката и воената индустрија, го нуди и полигонот Криволак

FinPortal.mk · 14.9.2026 г.

Премиерот Христијан Мицкоски утре заминува со владина делегација во Соединетите Американски Држави, каде што најави средби на високо ниво во Сенатот, Конгресот и Стејт департментот, како и конкретни разговори за нови инвестиции во енергетиката, напредната технологија и воената индустрија. Најавата ја соопшти во гостувањето во Дневникот на МТВ, пред почетокот на посетата. Според премиерот, во Вашингтон ќе разговара и со високи претставници на американската финансиска институција DFC, која веќе е присутна во земјава преку инвестицијата во проектот „Крстодол“, познат во јавноста и како „Антимон“. Мицкоски изјави дека од нивна страна е пројавен интерес и за други проекти во делот на енергетиката и напредната технологија, поради што сака подлабоко да ги понуди македонските капацитети. Дел од разговорите ќе бидат насочени и кон компании од воената индустрија што Владата сака да ги привлече да инвестираат во Македонија. Во тој контекст, премиерот го спомена и армискиот полигон Криволак, за кој рече дека е во фаза на изработка на нов закон со Министерството за одбрана, со цел да се понуди тренинг-полигонот. Според него, привлекувањето компании од оваа индустрија и користењето на капацитетите на Криволак би можеле да придонесат за побрз и подинамичен економски раст. Во Вашингтон се предвидени и средби со влијателни тинк-тенк организации, по што владината делегација ќе замине за Њујорк. Таму Мицкоски ќе учествува на годинашното Генерално собрание на Обединетите нации и најави повеќе веќе потврдени средби со државници. Фокусот, како што рече, ќе биде и на соседството, но премиерот најави и обид за билатерални разговори со земјите од Заливот, каде што цени дека треба да се градат добри и солидни партнерски врски. На прашањето за евентуални средби со бугарска делегација, Мицкоски одговори дека тие не се конкретно планирани и дека македонската влада останува на своите цврсти ставови и линии. Посетата на Соединетите Американски Држави доаѓа во период кога Владата активно работи на

Мицкоски во Вашингтон бара инвестиции во енергетиката и воената индустрија, го нуди и полигонот Криволак | FinPortal.mk

Премиерот Христијан Мицкоски утре заминува со владина делегација во Соединетите Американски Држави, каде што најави средби на високо ниво во Сенатот, Конгресот