Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник, а не набљудувач
FinPortal.mk · 2.10.2026 г.
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека вештачката интелигенција повеќе не е технологија на иднината, туку технологија на сегашноста која веќе го менува начинот на кој работиме, учиме, комуницираме, произведуваме, лекуваме, истражуваме и создаваме компании. Според него, вистинското прашање денес не е дали вештачката интелигенција ќе ги промени економиите и општествата, туку какво место ќе има Македонија во таа промена. Мицкоски ова го порача денеска во Скопје, на настанот „Startup Revolution AI Summit“, каде се обрати пред претприемачи и претставници на технолошката заедница. Тој нагласи дека Македонија не треба да биде набљудувач на новата технолошка револуција, туку нејзин активен учесник. „Вештачката интелигенција веќе не е технологија на иднината за која разговараме и се обидуваме да предвидиме како еден ден ќе влијае врз нашите животи. Таа е технологија на сегашноста, која веќе го менува начинот на кој работиме, учиме, комуницираме, произведуваме, лекуваме, истражуваме и создаваме компании. Затоа прашањето повеќе не е дали вештачката интелигенција ќе ги промени нашите економии и општества. Тоа веќе се случува. Вистинското прашање е какво место ќе имаме ние во таа промена“, рече Мицкоски во своето обраќање. Премиерот им порача на претприемачите и сопствениците на компании да не дозволат големината на домашниот пазар да ја определува големината на нивната амбиција. Според него, во економијата на знаењето географијата станува помалку важна, а талентот, образованието, брзината, креативноста и способноста една добра идеја да се претвори во производ стануваат поважни од големината на територијата или бројот на жители. „Македонија не треба да биде набљудувач на новата технолошка револуција. Треба да биде нејзин активен учесник. Во економијата на знаењето географијата станува помалку важна, а талентот, образованието, брзината, креативноста и способноста една добра идеја да се претвори во производ стануваат поважни од големината на територијата или бројот на жители. На