Мицкоски: УЈП може да направи ветинг уште сега, не мора да се чека закон
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не е против донесување закон за ветинг на политичарите, како што бара опозициската СДСМ, но смета дека Управата за јавни приходи и во моментов располага со сите потребни алатки за да изврши проверки на имотот и начинот на стекнување на средствата на функционерите. Според него, нема потреба да се чека усвојување на нов законски текст за да започне процесот. Мицкоски денес одговараше на новинарски прашања по свеченото пуштање во употреба на две нови занимални за деца од предшколска возраст во Шуто Оризари, каде што беше присутен во својство на премиер. На прашањето за барањето на опозицијата за закон за ветинг, тој рече дека никој не го спори предлогот, но дека институциите веќе имаат механизми за проверка. „Нека има предлог-закон, никој не го спори тоа. Но и сега може Управата за јавни приходи да направи ветинг, да провери. Ги има сите алатки да провери како се стекнуваме со златни визи во егзотични дестинации како Дубаи, колкав влог треба за да се стекнете со таква виза, како се ужива на скапи јахти на егејското крајбрежје и така натаму“, рече Мицкоски. Премиерот наведе и други примери за кои смета дека УЈП може веднаш да ги провери, меѓу кои и какви автомобили возат политичарите, особено кога тие возила се сопственост на фирми кои добивале тендери за јаглен, како и начинот на кој средствата се уплаќани на фирми во Бугарија. Според него, тоа се само дел од случаите што може да бидат предмет на проверка. „Мислам, јас можам да редам, еве нека биде ова еден сам почеток на тој процес на ветинг. Тоа може УЈП и веднаш сега да го направи, нема потреба да чека. Дури може и на полиграф да се отиде, па таму секој од политичарите да каже колку крадел, како крадел, од оние од опозицијата, се разбира“, изјави Мицкоски. Изјавата на премиерот доаѓа откако опозициската СДСМ најави предлог-закон за ветинг на сегашните и на сите поранешни функционери, како дел од нивниот мастер план за Македонија, со кој, како што велат, ќе ја враќаат довербат