Мицкоски: Тврдењата дека Михаилова и нејзиниот адвокат легално ја преминале границата се апсолутна лага
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Премиерот Христијан Мицкоски категорично ги отфрли тврдењата дека Ива Михаилова и нејзиниот адвокат легално ја преминале македонско-бугарската граница, нарекувајќи ги „апсолутна лага“ информациите што беа објавени во бугарските медиуми. На прес-конференција со претставници на компанијата „Кромберг и Шуберт“, тој порача дека и Михаилова и нејзиниот татко, кога-тогаш, ќе одговараат пред македонските институции. Според премиерот, невистинито е тоа што бугарските медиуми го пласираа во јавноста, дека Михаилова заедно со нејзиниот адвокат поминала на регуларен граничен премин и дека таму биле поздравени и им се салутирало. „Апсолутно е невистина тоа што го емитуваа бугарските медиуми, односно го пласираа во јавноста, дека заедно со нејзиниот адвокат поминале на регуларен граничен премин и дека таму биле поздравени, дека им се салутирало и така натаму. Тоа претставува лага“, изјави Мицкоски. Премиерот откри и нов детал за движењето на адвокатот, повикувајќи се на евиденцијата на граничните служби. Тој посочи дека последен пат, откако има евидентирано, а тоа е потврдено и од бугарската страна, адвокатот влегол на 28 септември, што не е точно тоа што тој го тврдеше. „Последен пат, откако имаме евидентирано, а е потврдено и од бугарската страна, адвокатот влегол на 28 септември, а не е точно тоа што тој го тврдеше“, рече Мицкоски. Според премиерот, Михаилова била пренесена во Бугарија надвор од законските процедури, а полицијата веќе работи на утврдување на околностите. „Можам да потврдам дека на нелегален начин е пренесена во Бугарија. Министерството за внатрешни работи истражува и ќе дојдеме до сознание на кој начин е однесена“, нагласи тој. Мицкоски упати критики и до бугарското политичко раководство, оценувајќи дека случајот се користи за политички притисок. „Жалам што политичкото водство во Бугарија се обидува на овој начин да покаже политички мускули, а не ја сфаќа штетата што самата си ја прави на меѓународен план. Тоа е нивна одлука. Тие избрале ваква политика“, изја