Мицкоски: Со m.Uslugi помалку шалтери и документи, побрзи услуги за граѓаните

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Премиерот Христијан Мицкоски на промоцијата на новата мобилна апликација m.Uslugi најави дека граѓаните ќе имаат помалку шалтери, помалку документи и побрзи услуги, со што, како што оцени, значително ќе се намали административниот товар и времето потребно за завршување на постапките. Според него, целта е граѓаните да не мораат да земаат слободен ден за да извадат документ, да чекаат пред шалтери или да носат документи од една во друга институција, особено кога потребните податоци веќе се достапни во државните регистри. Мицкоски истакна дека дигитализацијата не значи само воведување нова технологија, туку и поедноставување на процедурите и поврзување на институциите. Тој посочи дека зад апликацијата стојат поврзани регистри, електронски услуги, механизми за дигитална идентификација и автентикација, законска рамка и сајбербезбедност, нагласувајќи дека дигитализацијата има вистинска вредност само ако им овозможува на граѓаните едноставно, брзо и безбедно да ги завршуваат своите обврски. Премиерот оцени дека поефикасните електронски услуги ќе донесат придобивки и за граѓаните и за компаниите, преку заштеда на време и намалување на непотребните трошоци. Истовремено, како што рече, службениците ќе можат повеќе да се посветат на постапките за кои се неопходни човечка процена и одлучување, наместо да бидат оптоварени со административни работи што можат да се извршат електронски. Тој најави дека во следниот период се очекува значително проширување на бројот на услуги и документи достапни преку m.Uslugi, нагласувајќи дека проектот треба да го поддржат сите институции, а не само Министерството за дигитална трансформација. Според него, успехот на ваквата иницијатива зависи од вклученоста на целиот државен апарат, бидејќи дигиталните услуги не можат да функционираат изолирано во едно министерство. Мицкоски се осврна и на реформите поврзани со европската интеграција, посочувајќи дека дел од обврските во рамките на Реформската агенда и Планот за раст на Европската Унија веќе се ис

Мицкоски: Со m.Uslugi помалку шалтери и документи, побрзи услуги за граѓаните | FinPortal.mk

Премиерот Христијан Мицкоски на промоцијата на новата мобилна апликација m.Uslugi најави дека граѓаните ќе имаат помалку шалтери, помалку документи и побрзи усл