Мицкоски: Со 20 години владеење на НАИ, 10 илјади луѓе ја напуштиле Брвеница — сега истите ги молат да се вратат и да гласаат

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница, одговарајќи на пратенички прашања, жестоко возврати на обвинувањата на пратеникот на НАИ, Скендер Реџепи, во врска со пораките што се испраќаат за време на кампањата во општина Брвеница. Мицкоски нагласи дека никој од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не повикал на етничко гласање и дека токму спротивната страна е таа која ги дели граѓаните по етничка основа. „Околу делот на пораките коишто ги испраќате за тоа што сум зборувал јас кога бев во Брвеница, инаку мене не ми е првпат. Јас не знам колку пати вие сте биле во таа општина, но јас сум ги поминал сите села таму и тоа некои од селата сум ги поминал и по неколку пати“, рече Мицкоски. Тој потоа наброја конкретни места: „Еве да речеме во Теново бев по четврти пат, во Радиовце по третпат, Седларце, Брвеница, Гургурница, можам да ги редам, Стенче, Волковија, Блаце. Можам сите да ви ги редам сега, од првото до последното и на крај да завршиме во Челопек бидејќи таму правиме и градинка и спортска сала со парите од оваа влада.“ Премиерот директно го обвини Реџепи и неговата партија за демографската состојба во општината. „Дваесет години вие направивте нула проекти за Брвеница и резултатот од тие нула проекти господине Реџепи е 10 илјади иселени од кои 90 отсто Албанци. И сега одите по Европа и по светот, коленичите и им викате вратете се во Брвеница да гласате затоа што не смеат кауриве да победат и да имаат свој градоначалник во Брвеница. Тие истите коишто избегаа од 20 години ваше владеење во владата. Вие ги избркавте“, потенцираше Мицкоски. Тој исто така нагласи дека неговите пораки упатени до граѓаните на Брвеница биле сосема поинакви — повик за гласање по сопствено убедување, без поделби по етничка линија. „Луѓе од вашата коалиција излегоа и повикаа на етничко гласање. Од оваа коалиција никој не излезе, ниту од ВМРО да рече гласајте етнички. Никој. Напротив, мојата порака беше, ќе сакаат да ве делат по етничка основа, немојте да дозволите. Тоа го направија од прв

Мицкоски: Со 20 години владеење на НАИ, 10 илјади луѓе ја напуштиле Брвеница — сега истите ги молат да се вратат и да гласаат | FinPortal.mk

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница, одговарајќи на пратенички прашања, жестоко возврати на обвинувањата на пратеникот на НАИ, Скендер