Мицкоски: Растот на македонската економија е трипати поголем од просекот во Европската Унија
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Македонската економија во изминатите 27 месеци, односно осум до девет квартали откако е избрана оваа Влада, бележи просечен реален раст над 3,5 проценти, што е трипати повеќе од просечниот раст во Европската Унија и еврозоната, каде што тој се движи помеѓу 1 и 1,2 проценти. Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање на презентацијата на новиот извештај на Светска банка насловен „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“. Премиерот потсети дека во 2006 и 2008 година државата имала раст од пет, пет и пол, па дури и шест проценти, но тогаш, како што подвлече, растот насекаде бил толкав. Според него, денешната состојба е поинаква бидејќи високиот раст се остварува во услови кога најголемиот трговски партнер на земјата, Европската Унија, бележи значително пониски стапки на раст. Осврнувајќи се на податоците на Државниот завод за статистика за третиот квартал од оваа година, Мицкоски истакна дека во јули и август е забележан раст на извозот од 11,5 проценти и раст на увозот од 8,5 проценти. Тој нагласи дека извозот се зголемува побрзо од увозот, иако не во номинални средства, имајќи предвид дека земјата е увозно зависна. Премиерот посочи дека овие резултати се постигнати во услови на најголемите светски предизвици, меѓу кои две војни во соседството и најголемата енергетска криза, која, како што рече, не е оценета како таква само од македонската Влада, туку и од директорот на Светската енергетска агенција, Фатих Бирол. Тој потсети и на итниот состанок на земјите од Г7, бидејќи една од членките имала недостиг од дизел гориво на 15 проценти од пумпите, како и на можноста една од членките на Г7 да воведе забрана за извоз на дизел гориво. И покрај таквите околности, според Мицкоски, државата успеала да обезбеди стабилна цена на горивата, најниска во Европа, што овозможило консолидација на инфлацијата. Тој наведе дека инфлацијата во јули изнесувала 2,3 проценти, а во август 2,6 проценти, додека европскиот просек во истите месеци бил 2,9 отсто во јули и