Мицкоски: Претходната влада го забетонира процесот со ЕУ, нашата генерација има задача да врати чекор-два
FinPortal.mk · 29.9.2026 г.
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека процесот на подобрување на позициите на Македонија пред Европската Унија ќе трае, откако претходната влада, како што рече, прифатила и потпишала услови кои денес ја оптоваруваат земјата. Според него, задачата на оваа генерација е да направи чекор-два напред, а следната генерација уште два, со што постепено ќе се враќа она што, како што тврди, било продадено или заборавено. Мицкоски порача дека односите со европските партнери мора да се гледаат рационално и без емоции, бидејќи условите со коишто денес се соочува Македонија биле прифатени од претходната Влада. Тој оцени дека не може да се согласи со формулацијата „нелогични барања“, затоа што, како што објасни, некоја претходна македонска влада тие таканаречени нелогични барања ги прифатила и ставила потпис на договор. „Да бидеме реални, настрана чувствата и емоциите — ова е сепак сериозен свет и таму треба да се остават емоциите настрана и да видиме што вели разумот“, рече Мицкоски во гостување на Алфа. Тој додаде дека истата политичка партија која ги прифатила тие барања денеска излегува во јавноста и, како што рече, кажува лаги и конструкции, обвинувајќи ја денешната Влада дека ќе го враќала името, презимето и ќе правела не знам што. Премиерот потсети дека, според него, таа политичка партија не само што ја ограби Македонија и ја понижи, туку целосно го забетонира овој процес којшто сегашната Влада се обидува да го откочи. Тој нагласи дека тоа не е едноставен процес, бидејќи од другата страна има противник што е многу поголем, помоќен и е внатре, а постои и договор којшто македонската Влада го прифатила. Мицкоски се осврна и на периодот кога неговата партија била во опозиција, велејќи дека тогаш ги молеле, но не биле послушани. „Ние мораме да се бориме“, порача премиерот и додаде дека тоа што е погрешено треба чекор по чекор да се враќа. Според него, задачата на оваа генерација е да направи чекор-два со тоа што ќе поврати дел од она што претходната генерација го заборавила, о