Мицкоски предупредува: Преговарачката рамка не е безусловна гаранција за македонскиот јазик

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Премиерот Христијан Мицкоски јавно предупреди дека земја членка на Европската Унија апсолутно може да го блокира македонскиот јазик како службен јазик на Унијата, што претставува директен политички „бекхенд“ на јавна сцена врз целата конструкција од уверувања дека преговарачката рамка е безусловна гаранција за идниот статус на македонскиот јазик во европските институции. Според изнесеното, од највисокиот државен функционер јавноста добила порака и предупредување дека македонската јавност мора да направи разлика меѓу нешто што е наведено во еден европски документ и нешто што е во јавноста декларирано, што всушност претставува правна и политичка заблуда за внатрешна употреба. Според изворот, со години се наметнувал впечаток дека употребата на називот „македонски јазик“ во преговарачката рамка е доволна гаранција дека прашањето е затворено, дека таа формулација не може повторно да биде оспорена и дека европскиот пат, и покрај сите политички пречки, веќе обезбедил неповратно признавање на идниот службен статус на македонскиот јазик во институциите на Унијата. Но, како што се наведува, меѓу политичкото уверување и правната сигурност постои суштинска разлика, а токму таа разлика денес мора гласно да се објасни пред граѓаните. Во текстот се потенцира дека самото споменување на македонскиот јазик во преговарачката рамка не е безусловна гаранција дека тој ќе стане службен јазик на Европската Унија. За тоа е потребна едногласност на земјите членки, а едностраната декларација на официјална Софија од 2022 година покажува дека јазичното прашање и натаму е предмет на политички спор. Според изворот, нема основа дека постои безусловна гаранција дека македонскиот јазик автоматски ќе стане службен јазик на ЕУ само затоа што е именуван во преговарачката рамка, но тоа не значи дека има „црно на бело“ дека некој однапред донел одлука да го блокира, иако и за тоа има видливи индикатори. Како што се наведува, граѓаните не смеат да бидат доведени во заблуда, бидејќи постојат правни и полит

Мицкоски предупредува: Преговарачката рамка не е безусловна гаранција за македонскиот јазик | FinPortal.mk

Премиерот Христијан Мицкоски јавно предупреди дека земја членка на Европската Унија апсолутно може да го блокира македонскиот јазик како службен јазик на Унијат