Мицкоски пред Собранието: Не сум дилер на банки, сакав да ги спасам вработените во Стопанска банка Битола
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието посветена на Алта банка остро ги отфрли обвинувањата за неговата наводна улога во преземањето на Стопанска банка Битола, нагласувајќи дека не посредувал во продажбата на банката и дека не е дилер. „Не седев настрана како воајер, да се самозадоволувам со маката на луѓето“, изјави премиерот, одговарајќи на пратеничките прашања и обвинувањата упатени кон него во изминатите денови. Мицкоски ги отфрли тврдењата дека посредувал во продажбата на банката, нагласувајќи дека преземањето било реализирано преку купување акции од приватни акционери, а не од државата. „Имено, Алта банка Србија ја купува Стопанска банка Битола од приватни акционери, не од државата, од приватни акционери и сопственици на акции“, рече премиерот пред собраниската сала. Тој објасни дека во периодот на локалните избори во 2025 година Владата не можела да им дава насоки на јавните претпријатија и државните акционерски друштва за тоа како да постапуваат со акциите што ги поседувале во Стопанска банка Битола. Според неговото објаснување, дури по завршувањето на изборите и откако Алта банка од Србија веќе станала квалификуван мнозински сопственик, Владата препорачала управните одбори на јавните претпријатија и акционерските друштва да одлучат што ќе прават со своите акции. „Што е неколку месеци потоа, откако во службен весник е објавена одлуката дека господинот Давор Мацура, односно Алта банка Србија, станува квалификуван мнозински сопственик на Стопанска банка Битола“, посочи Мицкоски, објаснувајќи ја хронологијата на настаните околу сопственичката трансформација на битолската банка. Премиерот ги отфрли и обвинувањата поврзани со неговата комуникација со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. „Нормално е, логично е, кога ќе се случи една аквизиција на една банка, претседателот на владата да дознае од Народната банка, да не дознава од медиуми“, изјави Мицкоски. Според него, ваквата комуникација е дел од нормалното функционирање на и