Мицкоски пред бизнис-заедницата: Македонија меѓу топ 5 во Европа по економски раст, целта се домашни брендови и технологии
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва пред бизнис-заедницата на престижната манифестација „Business Leader 2026“ во Македонската филхармонија порача дека иднината на Македонија не зависи од гласни вербални ветувања за економски развој, туку од реалното производство, извозот, создавањето нови работни места и градењето силни домашни компании. Во своето обраќање тој нагласи дека времето на зборови заврши и дека сегашната генерација нема право да го продолжи негативниот циклус од политички кризи и економски политики без долгорочен континуитет, особено во услови на брзи глобални промени и засилена конкуренција. Мицкоски потсети дека државата со децении губела драгоцено време во политички кризи и економски политики без долгорочен континуитет. Според него, од првиот ден била поставена јасна цел да се изгради стабилна, продуктивна и конкурентна економија во која државата ќе биде искрен партнер на претприемачите, а не пречка за нивниот развој. „Од првиот ден поставивме јасна цел: да изградиме стабилна, продуктивна и конкурентна економија во која државата ќе биде искрен партнер на претприемачите, а не пречка за нивниот развој“, истакна премиерот пред присутните. Говорејќи за остварените економски резултати, Мицкоски подвлече дека предвидените политики веќе даваат видливи плодови на терен. Тој наведе дека по остварениот раст на бруто-домашниот производ од 3,5 отсто во 2025 година, во вториот квартал од 2026 година растот достигнал 4,3 отсто, што ја позиционира Македонија меѓу првите пет држави во Европа според брзината на економскиот развој. Премиерот посочи и дека во изминатите 27 месеци се отворени околу 17.000 нови работни места, а просечната плата во јули достигнала 48.500 денари. Како рекорден го оцени приливот на инвестиции, наведувајќи дека во периодот од јули 2024 до јуни 2026 година во земјата влегоа 1 милијарда и 381 милион евра странски директни инвестиции. За стабилноста на цените, Мицкоски рече дека во третиот квартал од годинава просечната инфлација изнесува 2,5 о