Мицкоски: Политиките на Владата се народни и промакедонски, остануваме фокусирани на проекти

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека политиките на Владата се народни и промакедонски и дека се насочени кон проекти за подобрување на животот на граѓаните. Во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5, Мицкоски изјави дека во изминатите 28 месеци од работењето на Владата нема ниту една афера поврзана со неа, а како приоритети ги посочи заштитата на државните интереси, борбата против криминалот и справувањето со економските предизвици. Премиерот рече дека не очекува во Македонија да се појави движење слично на студентското во Србија, кое би било радикално против политиките на Владата. „Јас сум универзитетски професор кој секој ден е на линија со студентите. Второ, како човек, никогаш нема да дозволам да се создаде движење кое ќе биде радикално против моите политики, затоа што политиките што ги водам се народни, промакедонски“, изјави Мицкоски. Тој оцени дека сличен политички процес во Македонија имало во 2017 година, кога, како што рече, биле користени паролите „Нема правда, нема мир“, по што била формирана владата предводена од Зоран Заев. Според Мицкоски, тогашните политички промени довеле до разочарување кај граѓаните. Премиерот додаде дека, според него, промените започнале во Македонија во 2024 година, а потоа се прошириле и во други земји од регионот. Осврнувајќи се на тврдењата на опозицијата дека неговата влада би можела да ја доживее судбината на владите на Виктор Орбан во Унгарија и Александар Вучиќ во Србија, Мицкоски рече дека не верува оти таквите пораки ќе ѝ донесат политички резултат на опозицијата. „Ние остануваме фокусирани на она што е наша политика, а тоа се проектите“, рече премиерот. Како примери за работата на Владата, Мицкоски ги наведе набавката на 100 амбулантни возила, отворањето основно училиште во Гази Баба за околу илјада ученици, кои претходно наставата ја следеле во бараки изградени по земјотресот, како и шест автопатски делници, два гасоводи, еден далновод и околу 1.500 проекти. На прашањето дали е променет начи

Мицкоски: Политиките на Владата се народни и промакедонски, остануваме фокусирани на проекти | FinPortal.mk

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека политиките на Владата се народни и промакедонски и дека се насочени кон проекти за подобрување на животот на граѓаните.