Мицкоски: Податочните центри ќе се ладат со воздух и фреон, а струјата ќе доаѓа од нови гасни централи
FinPortal.mk · 18.9.2026 г.
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Македонија мора да гради податочни центри со високи стандарди, кои ќе користат воздушно и фреонско ладење, а електричната енергија за нивно напојување би доаѓала од новоизградени гасни централи. Ова го соопшти во вечерното интервју за МИА за време на неговиот престој во Вашингтон, пренесе ТВ21. Според премиерот, новите гасни централи би произведувале електрична енергија која потоа би се користела во податочните центри, а од нив би се црпеле можности за вештачка интелигенција. Тој оцени дека станува збор за сериозен и озбилен план за развој на државата и за насоката во која треба да се движи Македонија во иднина. Мицкоски посочи дека капацитетот на гас што би можел да се користи во Македонија со изградбата на гасоводот е драматично зголемен. Но, како што наведе, за да биде земјата на транзитната рута, што е нејзина цел и амбиција, мора да се заврши и северниот интерконектор со кој ќе се поврзе со соседна Србија. Тој додаде дека тој интерконектор ќе биде двосмерен и дека кога двата проекта ќе бидат завршени, што го очекува на крајот на 2028 година, геостратешката положба на земјата ќе биде сосема поинаква. Премиерот потсети дека во овој момент државата конзумира околу половина милијарда метри кубни гас годишно, што значи дека со новите капацитети ќе има 12 пати зголемен капацитет за инвестиции во гасни централи. Тие централи би произведувале електрична енергија наменета за податочните центри, од кои потоа би се црпеле можности за вештачка интелигенција. Одговарајќи на прашањето за критиките во Македонија дека центрите предизвикуваат бучава и трошат вода, Мицкоски рече дека процесот е неповратен и дека човештвото ќе се движи во таа насока. Според него, секој што има дилема околу ова не мисли добро на сопствената држава, а прашањето е како да се канализира процесот и да се извлече максимум од него. Премиерот потврди дека има разговори со компанијата Рамбл на Крис Павловски, која неодамна направи аквизиција и купи компанија во Гер