Мицкоски по состанокот во Њујорк: Една искра може да го запали целиот регион
FinPortal.mk · 27.9.2026 г.
Премиерот Христијан Мицкоски изрази длабока загриженост за состојбите и меѓусебните односи во регионот по состанокот на лидерите од Западен Балкан со високата претставничка на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас, одржан во Њујорк. Во интервју за Македонската телевизија, тој оцени дека атмосферата на масата наликувала на враќање на темите од почетокот на деведесеттите години од минатиот век, што, како што рече, за него во 21-от век претставувало големо изненадување. Како главни извори на зголемената тензија, Мицкоски ги посочи отворените прашања меѓу Босна и Херцеговина и Србија предизвикани од погребот на Ратко Младиќ, како и постојаните несогласувања меѓу Белград и Приштина поврзани со нападот во Банска. Според него, токму ваквите отворени прашања создаваат подбуцнувачка реторика која го поткопува она што регионот се обидува да го изгради. „Имав чувство дека се случува една тензија којашто за мене во 21-от век навистина претставуваше големо изненадување. Ме загрижува фактот што навидум една работа може да го запали целиот регион и да предизвика сериозни тензии што можат да прераснат во конфликт. Со ваква подбуцнувачка реторика ние не можеме да ја градиме иднината онака како што посакуваме“, нагласи Мицкоски, предупредувајќи дека една искра е доволна за да се разгори целата област. Во своето обраќање пред високата претставничка Калас, македонскиот премиер апелирал Европската Унија наместо само на декларативна реторика, итно да премине на конкретни дела и брзи резултати кои граѓаните директно ќе ги почувствуваат, со цел да се намали насобраната фрустрација во регионот. Тој смета дека токму бавниот напредок и ветувањата без реализација дополнително ја хранат недовербата меѓу земјите. „Побарав да имаме брзи испораки од страна на ЕУ, нешто што навистина може веднаш да се почувствува — да се реши проблемот со кој се соочуваат транспортерите и конечно да се реализира ветеното укинување на роамингот (‘roam at home’) за граѓаните од земјите од