Мицкоски по самитот: Македонија останува на европскиот пат, потребна е согласност за акцискиот план за малцинствата

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Македонија останува посветена на европската интеграција и на зајакнувањето на партнерствата со европските лидери, по денешниот самит на кој, како што оцени, биле испратени силни пораки за европската иднина на Западен Балкан. Според него, канцеларите Мерц и Штокер, како и другите учесници на работниот дел од состанокот, ја потврдиле определбата регионот да стане дел од Европа во блиска иднина. Мицкоски истакна дека Македонија веќе има усогласена надворешна и одбранбена политика со Европската Унија и дека напредува во исполнувањето на реформската агенда. Тој изрази очекување постигнатото наскоро да биде вреднувано и земјата да добие можност да ги започне преговорите за членство. Според него, постепената интеграција е можност за земјите од регионот, но не смее да го замени полноправното членство во ЕУ. Премиерот се осврна и на глобалните предизвици, посочувајќи ја енергетската криза, немирите во повеќе европски престолнини и војната во Украина. Тој оцени дека светот се соочува со сериозни неизвесности и пренесе дека, според информации изнесени од високи претставници на ЕУ, следните две години ќе бидат особено тешки, поради што е потребна внимателност во трошењето и одговорно управување со државата. Во врска со пречките за почеток на преговорите, Мицкоски повторно ја критикуваше претходната влада на СДСМ и ДУИ за прифаќањето на условите поврзани со уставните измени. Тој нагласи дека неговата влада нема да се откаже ниту од заштитата на македонските национални интереси ниту од стратешката цел за членство во Европската Унија. Мицкоски рече дека пред евентуална промена на Уставот треба да се постигне договор за акцискиот план за малцинствата. Според него, 26 земји-членки немаат забелешки на документот, додека една земја-членка има проблем. Затоа, како што истакна, потребно е со неа да се усогласат решенијата, што останува услов за натамошно движење кон почеток на преговорите. Самитот и пораките што ги пренесе премиерот доаѓаат во мо

Мицкоски по самитот: Македонија останува на европскиот пат, потребна е согласност за акцискиот план за малцинствата | FinPortal.mk

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Македонија останува посветена на европската интеграција и на зајакнувањето на партнерствата со европските лидери, по де