Мицкоски: Откриени над 4.500 лажни корисници на социјална помош, меѓу нив починати и иселени граѓани

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Владата при проверките што ги спроведува откри повеќе од 4.500 лажни корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Според него, меѓу корисниците за кои државата досега исплаќала средства имало починати лица, иселени граѓани, но и фиктивни корисници кои воопшто не постоеле како реални приматели на помошта. „До овој момент имаме повеќе од 4,5 илјади, значи не 45, не 450, туку 4,5 илјади лажни корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност“, рече Мицкоски, пренесувајќи ги резултатите од досегашната анализа и проверките на терен. Премиерот тврди дека по деталната анализа и теренските контроли, фактурата за овој месец е за 200 милиони денари помала во споредба со истиот месец минатата година. „Како е тоа возможно? Возможно е затоа што корисници биле, за жал, починати луѓе, отселени луѓе, лажни луѓе и така натаму“, изјави тој. Според неговата пресметка, од државниот буџет на годишно ниво се трошеле повеќе од една милијарда, па дури и до милијарда и пол денари за вакви исплати на лица кои не требало да бидат корисници на социјалната помош. Мицкоски посочи дека проверката сè уште не е целосно завршена и дека остануваат да бидат проверени уште приближно една петтина до една шестина од вкупниот број корисници. Тоа значи дека конечната бројка на откриени нерегуларности би можела дополнително да се зголеми по завршувањето на целосната контрола. Тој најави дека контролите нема да запрат само кај корисниците на гарантирана минимална помош и социјална сигурност, посочувајќи дека состојбата со нерегуларните исплати се одразува и врз здравството и други сектори. Според премиерот, ваквиот вид проверки ќе продолжи да се спроведува и во други области каде што постои сомнеж за злоупотреба на државни средства. Премиерот ваквата проверка ја претстави како реформа со финансиски ефект од околу 25 милиони евра годишно. „Некој ќе рече: ‘Добро, па тоа е една обична проверка, за каква реформа зборувате?’ Реформа која е 25 ми

Мицкоски: Откриени над 4.500 лажни корисници на социјална помош, меѓу нив починати и иселени граѓани | FinPortal.mk

Владата при проверките што ги спроведува откри повеќе од 4.500 лажни корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност, изјави премиерот Христијан