Мицкоски: Откако ќе го уредиме Скопското Кале, посетителите ќе плаќаат влез
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
За посета на Скопското Кале ќе се наплаќаат влезници, но дури откако локалитетот целосно ќе биде уреден и пуштен во функција. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали државата планира да воведе наплата за влез на тврдината. „Нормално е дека ќе се наплаќа. Не сега, туку кога ќе биде пуштено, кога ќе биде средено, како што е секаде во светот“, изјави Мицкоски. Според него, целта на Владата е Калето да го добие изгледот и функционалноста што ги заслужува, со поддршка од надлежните институции, и локалитетот да прерасне во една од позначајните туристички атракции во главниот град. Премиерот најави дека активностите за уредување на тврдината треба да започнат оваа година, а доколку сè се одвива според планот, Калето би требало да го добие посакуваниот лик следната година. Тој оцени дека досегашното уредување, вклучително и хортикултурното средување на просторот, не е доволно и дека локалитетот има многу поголем туристички потенцијал отколку што моментално се искористува. Мицкоски истакна дека Владата ќе им обезбеди финансиска и логистичка поддршка на надлежните институции со цел Скопското Кале да стане позначајна туристичка дестинација и да биде дел од програмата на „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. Во контекст на уредувањето на локалитетот, неодамна завршија работите за адаптација и санација на Музејот на праисторијата и Музејот на османлискиот период на Скопското Кале. Со тоа, над 5.000 археолошки артефакти, кои со години се чувале во несоодветни услови, се очекува да бидат изложени и достапни за јавноста. Директорката на Управата за заштита на културното наследство, Весела Честоева, информираше дека археолошките истражувања на локалитетот, започнати во 2007 година, резултирале со откривање на повеќе од 5.000 предмети. Со завршувањето на работите на двата музејски простори, тие артефакти конечно добиваат соодветен музејски простор и можност да бидат претставени пред домашната и странската јавност. Најавата за на