Мицкоски: Опозицијата ќе продолжи да тоне, граѓаните ги знаат нивните перформанси

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Премиерот Христијан Мицкоски ги коментираше бројките од најновите анкети, според кои тој и неговата партија се наоѓаат во убедливо водство пред опозицијата, оценувајќи дека тоа е лоша вест за оние кои водат политика со лаги и клевети. Според него, ваквиот тренд ќе продолжи и во иднина, бидејќи граѓаните се свесни за перформансите на денешната опозиција. „Тоа е лоша вест за оние кои што одлучија да водат политика со лаги, со клевети, со измислици, со навреди и така натаму. И така и ќе биде. Мислам, тие ќе продолжат да тонат затоа што граѓаните се свесни за перформансите на денешната наша опозиција и оние коишто од страна седат и само клеветат, без да притоа било како понудат“, изјави Мицкоски. Премиерот дополнително истакна дека и малкуте можности кога опозицијата имала прилика да понуди нешто, тие завршиле катастрофално. Тој потсети дека оние кои имале седум години можност да управуваат, државата ја ограбиле и уништиле, а сега единственото нешто што им останува е да измислуваат, да клеветат и да лажат. „И, тие ќе продолжат да тонат сé до конечно дефакторизирање од политичката сцена“, порача Мицкоски. Изјавата на премиерот доаѓа во момент кога најновите анкетни резултати покажуваат убедливо водство на неговата партија пред опозицијата, што тој го толкува како потврда дека граѓаните ја препознаваат работата на власта и ја отфрлаат политиката на клевети и неосновани напади.

Мицкоски: Опозицијата ќе продолжи да тоне, граѓаните ги знаат нивните перформанси | FinPortal.mk

Премиерот Христијан Мицкоски ги коментираше бројките од најновите анкети, според кои тој и неговата партија се наоѓаат во убедливо водство пред опозицијата, оце