Мицкоски: Опозицијата ја искривува вистината за пораките на Фон дер Лајен, таа првпат толку силно ја пофали Владата
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Премиерот Христијан Мицкоски денеска јавно реагираше на, како што рече, искривувањето на вистината за пораките што претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги упатила за време на нејзината последна посета на Скопје. Според премиерот, опозицијата и медиумите блиски до неа не ја говорат вистината и свесно се обидуваат да ги искриват пораките на високата претставничка на Европската унија, пренесувајќи ја нејзината оценка за работата на Владата надвор од реалниот контекст во кој таа била изречена. Мицкоски изјави дека состанокот со Фон дер Лајен бил исклучително квалитетен, содржен и пријателски, и дека сè што во иднина претставува лична посветеност и посветеност на патот кон Европската унија го мотивира да продолжи по патот на реформите. Тој нагласи дека така и ќе продолжи во периодот што следи, одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на градинка во Теарце. Премиерот посебно ја истакна оценката на претседателката на Европската комисија, која, како што рече, како никогаш досега ја пофалила Владата дека прави инспиративна работа. „Претседателката Фон дер Лајен, како никогаш досега кажа дека оваа Влада прави инспиративна работа, еве да ја цитирам, за реформите и за сето она кое што е посветено на приклучување на државата кон ЕУ. Така што, јас очекувам дека во периодот кој што следи, конечно ќе можеме сите ние да го интензивираме овој процес и да најдеме решение од ситуацијата во која се наоѓаме“, рече Мицкоски. Според изјавата на премиерот, ваквата оценка од највисокото ниво на Европската комисија претставува потврда дека државата интензивно работи на неопходните реформи и дека патот кон европските интеграции останува приоритет на Владата, и покрај, како што оцени, обидите на опозицијата да ја прикаже поинаква слика за односите со Брисел. Во контекст на пораките од последната посета на Фон дер Лајен на Скопје, таа оцени дека доколку се деблокира ситуацијата, процесот со Македонија може да се одвива брзо, бидејќи земјата веќе интензи