Мицкоски од Вашингтон: Европскиот пат на Македонија се гради врз реформи и заслуги
FinPortal.mk · 18.9.2026 г.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во рамки на посетата на Вашингтон, се обрати пред Атлантскиот совет, каде ги претстави стратешките приоритети на Владата, позицијата на државата во регионот, партнерството со Соединетите Американски Држави, европската интеграција, како и плановите за економски, инфраструктурен, енергетски и технолошки развој на државата. Во своето обраќање тој јасно порача дека европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, со што ја истакна определбата на Владата дека напредокот кон Европската Унија треба да биде резултат на реални резултати, а не на политички отстапки. Мицкоски истакна дека стратешкото партнерство меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави е партнерство градено со децении и дека Владата има јасна определба тоа дополнително да го продлабочува. Тој посочи дека Македонија е мала држава, но со исклучително значајна геостратешка позиција во срцето на Балканот, како природна крстосница на важни европски транспортни и енергетски коридори. Премиерот нагласи дека политиката на Владата се темели на предвидливост и исполнување на преземените обврски, што е основата врз која се гради довербата и со сојузниците и со граѓаните. Во тој контекст, Мицкоски посочи дека државата има јасен план и во однос на обврските како членка на НАТО, вклучително и постепено зголемување на издвојувањата за одбраната, но и инвестиции во стратешката инфраструктура – автопати, железници и енергетски преносни системи. Според него, токму овие инвестиции ја зајакнуваат не само економската, туку и безбедносната позиција на државата во регионот. Како еден од важните предизвици за иднината, Мицкоски ја посочи и сајбер-безбедноста. Владата, како дел од реформската агенда со Европската Унија, планира развој на примарен дата-центар кој ќе ги поврзува јавните институции, ќе биде поврзан со постојниот секундарен центар за обновување на податоци и дополнително обезбеден преку клауд инфраструктура. Целта е државата да изгради посилен и поотпорен