Мицкоски од САД бара инвеститори за хидроцентралите Чебрен и Галиште

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Премиерот Христијан Мицкоски, за време на неговиот престој во Соединетите Американски Држави, води разговори со потенцијални инвеститори за изградба на хидроенергетските капацитети Чебрен и Галиште. Според неговите изјави, фокусот на средбите е токму на обезбедување средства и партнери за овие два големи енергетски проекти, кои се од клучно значење за енергетската иднина на земјата. Мицкоски во интервјуто објаснува дека разговорите во Америка опфаќаат и теми поврзани со изградбата на дата центри, што е процес кој, како што вели, е неповратен. Тој потврдува дека во САД имал разговори и на оваа тема, нагласувајќи дека прашањето е како да се канализира целиот тој потенцијал кон конкретни проекти. Според него, токму енергетската инфраструктура е основата врз која треба да се развиваат современите технологии и капацитети за вештачка интелигенција. Во однос на пошироката енергетска слика, Мицкоски потсетува дека капацитетот на гасоводот на Јужниот Поток е некаде околу три милијарди метри кубни, а доколку се зголеми притисокот може да достигне и до шест милијарди метри кубни. Она што го прави овој гасовод специфичен е тоа што е двонасочен. Досега, како што објаснува тој, државата имала само еден еднонасочен влез – Жидилово – со капацитет од некаде околу 800 милиони метри кубни, или милијарда и 200 милиони со зголемен притисок. „Што значи дека капацитетот на гас кој што би можеле утре да го користиме во Македонија со изградбата на овој гасовод е драматично зголемен, но за да бидеме на рутата на транзит, што е практично и наша цел и амбиција, ние мораме да го завршиме и северниот интерконектор со кој ќе се поврземе со соседна Србија. И тој ќе биде двосмерен, така што кога ќе ги завршиме овие два проекта, што јас очекувам да биде на крајот на 2028 година, геостратешката положба на земјата ќе биде сосема поинаква“, вели Мицкоски во интервјуто. Тој додава дека во овој момент државата конзумира околу половина милијарда метри кубни годишно, што значи дека со новите капацитети ќе

Мицкоски од САД бара инвеститори за хидроцентралите Чебрен и Галиште | FinPortal.mk

Премиерот Христијан Мицкоски, за време на неговиот престој во Соединетите Американски Држави, води разговори со потенцијални инвеститори за изградба на хидроене