Мицкоски од Милетино: Опозицијата седум години ја ограбуваше Македонија, а со ВМРО-ДПМНЕ државата е стабилна и во најголемата енергетска криза

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митинг во село Милетино, во пресрет на изборите за градоначалник на општина Брвеница закажани за 18 октомври годинава, упати остра порака до опозицијата, оценувајќи дека таа седум години ја ограбувала, ја распродавала и ја уништувала Македонија, додека, како што рече, со неговата партија денес државата е стабилна и во најголемата енергетска светска криза. Во своето обраќање пред присутните граѓани, Мицкоски повика на масовно обединување на претстојните избори и потсети на периодот на претходната власт, споредувајќи го однесувањето на тогашните власти со она што, како што тврди, го покажуваат денес пред граѓаните на Брвеница. „Седум години ја ограбуваа, ја распродаваа и ја уништуваа Македонија. Како да овие луѓе до пред само две и пол, три години, не беа тие коишто беа понижувани преку партија фудбалчиња и баскет-парти во кабинетите и беа верни слуги на оние што владееја со нив. Како да заборавиле и на модуларната болница, како да заборавиле и на ствари и на марихуана економија“, изјави Мицкоски пред присутните. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не застана само на критиките кон минатото, туку директно се осврна и на актуелната предизборна кампања во Брвеница, обвинувајќи ги опозициските претставници дека пред граѓаните се претставуваат како опција која наводно може да му нанесе удар на идниот градоначалник Стојанчо и да помогне некој друг да влезе во вториот круг. „И денеска, еве ги тука пред вас, ви кажуваат како тие биле опцијата, како тие ќе му нанеле удар врз идниот градоначалник Стојанчо и како тие ќе помогнеле да не бидеме ни ние тие што ќе влезат во вториот круг“, рече Мицкоски, оценувајќи дека ваквите пораки се само обид на истите луѓе повторно да се претстават како алтернатива. Токму затоа, како што нагласи, клучно е граѓаните масовно да излезат на гласање на 18 октомври и да се обединат, бидејќи, според него, опозицијата не претставува вистинска алтернатива. „Не се тие алтернативата. Тие се луѓето што ја ограбија и ун

Мицкоски од Милетино: Опозицијата седум години ја ограбуваше Македонија, а со ВМРО-ДПМНЕ државата е стабилна и во најголемата енергетска криза | FinPortal.mk

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митинг во село Милетино, во пресрет на изборите за градоначалник на општина Брвеница закажани за 18 октомври