Мицкоски од говорницата на ОН: Какво наследство им оставаме на генерациите што денес тргнуваат на училиште?
FinPortal.mk · 25.9.2026 г.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде што пред светските лидери го постави прашањето за иднината на меѓународниот поредок и за одговорноста на денешните генерации кон оние што доаѓаат. Во своето обраќање тој истакна дека дете кое оваа есен за првпат ќе седне во училишна клупа, во 2040 година ќе биде млад човек на прагот на зрелоста, а светот во кој ќе живее веќе знаеме дека ќе биде поинаков од нашиот. Мицкоски пред собранието посочи дека вештачката интелигенција ќе ги преобрази професиите, индустриите и начините на кои се носат одлуките, дека енергетиката ќе функционира според нов распоред и нова логика, а климатските промени ќе влијаат врз економиите, земјоделството, градовите и движењето на луѓето. Според него, демографските промени ќе ги преобликуваат пазарите на трудот и системите за социјална заштита, додека безбедноста повеќе нема да зависи само од армиите и границите, туку и од електроенергетските мрежи, дата центрите, каблите, сателитите, алгоритмите и довербата во информациите што ги добиваме секој ден. Премиерот пред Генералното собрание потсети дека денес, додека се подготвуваме за таа иднина, милиони луѓе живеат среде војна или под закана од војна, повеќе од сто милиони луѓе се присилно раселени, а повеќе од 270 милиони деца и млади не посетуваат училиште. Тој тоа го оцени како парадокс на нашето време, нагласувајќи дека човештвото никогаш немало толку големи научни и технолошки можности, а сепак никогаш не било поочигледно дека технолошката моќ не создава автоматски и политичка мудрост. Според Мицкоски, вистинското прашање пред ова Собрание не е само како ќе се управува со кризите во 2026 година, туку каков меѓународен поредок ќе ѝ се остави на генерацијата што денес тргнува на училиште. Тој истакна дека за мала земја како Македонија ова не е академско прашање, туку прашање на опстанок. Во обраќањето премиерот се осврна и на историскиот контекст, потсетувајќи дека пред триесет и три години, к