Мицкоски од говорницата на ОН: Евроинтеграцијата е надвор од секој разумен рок, довербата не може да биде еднострана

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, каде што оцени дека процесот на евроинтеграција на земјата е надвор од секој разумен временски рок и упати повик до Европската унија да обезбеди предвидливост и почитување на сопствените правила. Во своето обраќање, Мицкоски потсети дека македонската историја изобилува со тешки одлуки и компромиси направени во име на мирот, стабилноста и интеграцијата. „Нашата историја нѐ научи дека меѓународните компромиси се многу тешки и дека мирот, стабилноста и интеграцијата бараат политичка храброст и големи жртви“, рече премиерот, додавајќи дека без намера да звучи поучувачки, секој што сака да види пример за земја која повеќепати се откажувала од нешто што природно ѝ припаѓа како основно право, доволно е да погледне во поновата историја на Македонија. Тој ја опиша таа историја како обележана со предизвици, со безбедносни ризици од регионални размери, со постојани компромиси и отстапки направени во име на мирот, соработката и повисоките цели на интеграцијата, често по цена на најосновното чувство за достоинство и правда. „Донесовме навистина тешки одлуки. Продолживме напред дури и кога процесите траеја подолго отколку што една генерација граѓани можеше разумно да очекува“, истакна Мицкоски. Премиерот порача дека токму затоа, гледајќи на тие одлуки со временска дистанца и со јасна свест за реалноста, денес одговорно може да каже дека довербата не може бесконечно да биде еднострана обврска. „Не можеме да ги убедиме граѓаните дека компромисот е доблест ако секој компромис носи ново барање“, рече тој од говорницата на Обединетите нации. Во продолжение на обраќањето, Мицкоски упати директен повик до Европската унија: кога веќе бара од помалите земји кандидатки да ги почитуваат нејзините правила, и таа самата треба да ги почитува правилата кои што ги поставила. „Ако од малите држави се очекува да ги почитуваат правилата, тогаш правилата мора и ним да им обезбедат предвидливост.

Мицкоски од говорницата на ОН: Евроинтеграцијата е надвор од секој разумен рок, довербата не може да биде еднострана | FinPortal.mk

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, каде што оцени дека процесот на евроинтеграција на земј