Мицкоски: Очекувам конкретен чекор за американско финансирање на Чебрен и Галиште
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува во скора иднина да има конкретни резултати во врска со можната соработка со американската Развојна финансиска корпорација (ДФЦ) за финансирање на капиталниот проект Чебрен и Галиште. Во гостувањето во емисијата „Под лупа“ на ТВ Алфа, тој потврди дека за време на неодамнешната посета на САД разговарал за можната соработка на одредени проекти кои би биле финансирани од американската институција. „Таму разговаравме за можната соработка за одредени проекти да можеме да се обратиме коишто би биле финансирани од нивна страна. Од наша страна, од моја страна беше претставен нашиот капитален проект, а тоа е проектот Чебрен и Галиште, којшто со години, со децении да бидам попрецизен, се обидуваме да најдеме приватен инвеститор, но условите на пазарите насекаде во Европа па и во светот се такви за да можеме во овој момент тој проект да го разгледуваме како наша домашна државна инвестиција“, рече премиерот. Мицкоски потсети дека ДФЦ веќе е присутен во Македонија преку проектно развојно финансирање на проектот за антимон, што значи дека институцијата веќе има одредено искуство со работењето во земјава. Според него, токму тоа искуство е добра основа за натамошна соработка на енергетскиот проект. Премиерот објасни дека по ваквите разговори секогаш следи клучната фаза во која проектот треба дополнително да се разработи, да се определи кој би бил инвеститор и кој би го фасилитирал целиот процес. „Така што, во скора иднина може да очекуваме нешто конкретно“, изјави Мицкоски. Тој појасни дека носител на проектот би бил АД ЕСМ, компанија во која Владата е сопственик, поради што таа мора да ги почитува одредбите на Законот за јавни набавки. Тоа значи дека ќе биде објавен повик за изнаоѓање на финансиска структура која би го финансирала и би обезбедила ресурси за реализација на проектот. „Јас очекувам дека на тој повик би се јавил и ДФЦ заедно со други заемодаватели, но важно е да имате неколку во коишто вие ќе го претставите она коешто са