Мицкоски: Немам големи очекувања од средбата Муцунски – Петрова во Софија, Владата работи за целосен четиригодишен мандат

FinPortal.mk · 6.10.2026 г.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема големи очекувања од претстојната средба меѓу министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова, која треба да се одржи во Софија. Според премиерот, во овој момент може да се очекува дијалог, но не и конкретен резултат од разговорите. „Не очекувам потврда, не очекувам ништо. Очекувам некој дијалог и тоа отприлика“, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа што очекува од средбата во бугарската престолнина. Тој нагласи дека неговите очекувања остануваат ограничени на воспоставување комуникација, без очекување на некаков конкретен договор или резултат. Средбата меѓу Муцунски и Петрова треба да се реализира во четврток, на маргините на меѓународната министерска конференција посветена на Коридорот 8, која се одржува во Софија. Барањето за билатерален разговор беше испратено од македонска страна, откако претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, при нејзината посета на Скопје, го посочи директниот дијалог како прв чекор во обидот да се придвижи евроинтегративниот процес на земјата. Премиерот Мицкоски беше прашан и дали по последните случувања во односите со Бугарија и дилемите околу можни предвремени парламентарни избори ќе свика лидерска средба. Тој одговори дека не планира да повика ваква средба и повтори дека Владата работи со намера да го заврши целиот четиригодишен мандат. „Јас не мислам дека има предвремени избори. Не знам кој има дилема. Тој што има дилема, Парламентот е местото, може да си побара, а ние, се разбира, секогаш сме подготвени за избори“, рече Мицкоски. Според него, Собранието е институцијата во која може да биде покрената иницијатива за негово распуштање, доколку опозицијата смета дека треба да има предвремени избори. „Јас сум бил многу прецизен досега во десетици мои изјави и повторно ќе бидам прецизен – оваа Влада има мандат четири години и ние работиме за мандат од четири години“, рече премиерот. Тој ја повтори

Мицкоски: Немам големи очекувања од средбата Муцунски – Петрова во Софија, Владата работи за целосен четиригодишен мандат | FinPortal.mk

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема големи очекувања од претстојната средба меѓу министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и бугарската министерк