Мицкоски: Нема веќе банди, криминал и рекетирање, парите се враќаат кај граѓаните — 12.9.2026
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во земјата веќе нема банди, нема криминал, нема рекетирање, нема марихуана економија и нема провизии од Лотарија, туку дека средствата се враќаат назад кај граѓаните. Оваа оценка тој ја даде одговарајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата „Теса Енерџи“, при што зборуваше за растот на платите и пензиите и за разликата меѓу неговата влада и претходната власт предводена од СДСМ. Според Мицкоски, разликата во растот на пензиите е 16 пати поголема во однос на она што го направила претходната власт. Тој оцени дека опозициските критики за животниот стандард се само „ПР-трик“ осмислен од консултанти со цел да се хуманизира опозицијата. „Но, лошата вест за нив е што тие немаат кредибилитет тоа да го зборуваат, бидејќи имаа седум години можност да го подобрат квалитетот на животот на граѓаните. Тие ги ограбија дополнително и не само што ги ограбија, ги понижија, ги распродадоа“, изјави Мицкоски. Премиерот призна дека и сега има проблеми, но нагласи дека тие се решаваат и дека денес многу подобро се живее отколку пред три години. „Јас не велам дека сега е совршено. Да, имаме проблеми и ги решаваме. Не велам дека сега тече мед и млеко. Но, тврдам, и тука мора да се сложиме, и се сложуваат граѓаните на сите јавни мерења, дека денес многу подобро се живее од пред три години“, рече Мицкоски. Тој потоа ги наброја областите во кои, според него, е направен пресврт: „Нема веќе банди, нема веќе криминал, нема рекетирање, нема веќе марихуана економија, нема веќе провизии од Лотарија… Нема. Туку се враќаат назад кај граѓаните, се работи за граѓаните. Таа е разликата“, изјави премиерот. Мицкоски се осврна и на глобалните предизвици, меѓу кои ја спомена војната во Украина, ескалацијата на блискоисточната криза и нестабилноста во Арапскиот Залив, оценувајќи дека тие дополнително го отежнуваат животот насекаде во светот. Според него, Владата е мотивирана тие кризи да ги претвори во можност за напредок. „Јас сум убеден, бидејќи сме мотивир