Мицкоски не се појави на рочиште во Граѓанскиот суд, Ристоска бара отштета од 300.000 денари

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Премиерот Христијан Мицкоски, во својство на законски застапник на тужената партија ВМРО-ДПМНЕ, не се појави денеска на рочиштето во Основниот граѓански суд во Скопје, каде што требаше да се соочи со поранешната обвинителка Ленче Ристоска во постапка за клевети и навреди изнесени преку партиски соопштенија. Како што беше изјавено во судницата, Мицкоски не дошол затоа што, според неговата адвокатка, имал други обврски. Адвокатката на ВМРО-ДПМНЕ, на прашање од судот каде е повиканиот Мицкоски и зошто не се појавил, имајќи предвид дека било добро да дојде и да се изјасни за соопштенијата против тужителката, одговорила дека тој имал обврски. По денешното рочиште, Ленче Ристоска изјави дека законскиот застапник на ВМРО-ДПМНЕ имал шест месеци да ги усогласи своите обврски и оцени дека она што денеска го избегнал претставува негово непочитување на судот. Ристоска пред судот бара да се утврди клевета и навреда од страна на ВМРО-ДПМНЕ, како и отштета во висина од 300.000 денари. Постапката се води во врска со низа клевети и навреди изнесени преку партиски соопштенија, во кои, како што е наведено, имало и закана за „нејзин крај“. Според она што беше изнесено, против неа биле објавени 18 соопштенија додека таа ги застапувала обвиненијата во предметите „Талир 1“ и „Талир 2“, а тужбата се однесува на првото соопштение. Во своето излагање пред судот, Ристоска потсети дека на 14 октомври 2025 година, кога било објавено соопштението, таа била обвинител и застапувала два предмети во кои биле засегнати интересите на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Станува збор за предметите „Талир 1“, во кој партијата била обвинета, и „Талир 2“, во кој таа била заинтересирана страна и во кој нејзиниот имот бил замрзнат. Како што објасни, двата предмети се наоѓале во завршна фаза, а во вториот предмет се наближувал крајот на судската постапка. Ристоска наведе и дека во истиот предмет било побарано одмрзнување на имотот и дека таа, како јавен обвинител, предложила ова барање да се одбие. Токму 14 октом

Мицкоски не се појави на рочиште во Граѓанскиот суд, Ристоска бара отштета од 300.000 денари | FinPortal.mk

Премиерот Христијан Мицкоски, во својство на законски застапник на тужената партија ВМРО-ДПМНЕ, не се појави денеска на рочиштето во Основниот граѓански суд во