Мицкоски: Не се инаетиме со Бугарија, бараме решенија со предвидлив крај, но прво да изградиме доверба

FinPortal.mk · 19.9.2026 г.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека темата за односите со Бугарија е неизбежна во разговорите со европските партнери и дека македонската страна не се инаети, туку бара решенија, но никогаш нема да влезе во процес без предвидлив крај. Во интервју за МИА од Вашингтон, Мицкоски нагласи дека односите со Бугарија се разговараат посебно со луѓето од Советот и Комисијата на Европската Унија, како и со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и со високиот претставник за надворешна и одбранбена политика, Каја Калас. „Не сум од оние луѓе кои што брзоплето ги прават работите во политиката. Свесен сум за реалноста, свесен сум за погрешната политика во минатото, од претходните влади. Бараме решенија, но никогаш нема да влезам во процес без да имам предвидлив крај“, истакна Мицкоски, пренесувајќи ја својата позиција дека е неопходно внимателно да се пристапи кон оваа тема. Според премиерот, за да се дојде до еден таков процес, најпрвин треба да се изгради доверба, а за тоа е потребно разговор и желба од двете страни. „Ова е двонасочна улица, не може само од едната страна. Ќе го водиме процесот паралелно, подготвени сме да разговараме“, рече Мицкоски, додавајќи дека е подготвен да аргументира и дека ако аргументите на соговорникот ги совладаат неговите, тогаш е подготвен да ги прифати. Мицкоски подвлече дека не се инаети и дека не се тврдоглави, туку дека целта е стратегијата и вистината на македонската страна да се презентираат на најдобар можен начин преку политичка дебата и политичка борба на меѓународната сцена, со цел да се врати дел од позициите кои, како што оцени, претходните влади ги загубиле. „Очекувањата на некои радикални елементи во нашата структура за повлекување од меѓународни договори и преговори — тоа би било идеално доколку сме ние сами на овој свет, но не сме сами и мораме да се бориме да ги повратиме загубените позиции кои во минатото, за жал, претходната влада ги минираше“, изјави премиерот. Тој посочи дека во рамките на таа борба секогаш се пре

Мицкоски: Не се инаетиме со Бугарија, бараме решенија со предвидлив крај, но прво да изградиме доверба | FinPortal.mk

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека темата за односите со Бугарија е неизбежна во разговорите со европските партнери и дека македонската страна не се инает