Мицкоски: Не постои владина потрошувачка кошничка, туку минимална и просечна

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Премиерот Христијан Мицкоски денеска демантираше дека потрошувачката кошничка што претходниот ден беше презентирана од страна на министерот Дурмиши е владина. Според него, такво нешто не постои, туку постои минимална и просечна потрошувачка кошничка, со што алудираше на разликите меѓу кошничките на Владата и на Сојузот на синдикати, кои што изнесуваат над 10 илјади денари. „Владина кошничка не постои. Постои минимална потрошувачка кошничка и просечна потрошувачка кошничка. А, Владата прави статистика врз основа на критериумите што ги има Евростат што важат за целиот свет“, изјави денеска Мицкоски одговарајќи на прашање на новинарите дали во владината кошничка се планира да се внесат и кирија или рата од кредит и за што Владата планира да ги користи податоците, дали само за статистика или за креирање на економски политики. Премиерот рече дека кај нас има институции кои што „си прават сопствени кошнички“, при што директно не го спомена синдикатот. Но, рече дека „и тие самите не знаат дали се минимални или просечни“ и дека потоа експертите „излегуваат и ги демантираат и велат дека се просечни“. „Она што е важно е дека таа потрошувачка кошничка се презентира на Економско социјалниот совет на кој што присуствуваат синдикатите и нивни претставници. Се разговара, се дебатира, тие се сложни од досега тоа што беше предложено. На последниот состанок јас имав некои забелешки кои што требаше да се додадат одземат, очекувам на следниот Економско социјален совет да биде презентирана и нормално понатаму ние преку Државниот завод за статистика да ја презентираме на граѓаните“, рече Мицкоски одговарајќи на прашања на новинарите за време на неговата посета на скопското Кале. Изјавата на премиерот доаѓа по презентацијата на потрошувачката кошничка од страна на министерот Дурмиши, која според Мицкоски не претставува владина кошничка. Разликата меѓу кошничките на Владата и на Сојузот на синдикати изнесува над 10 илјади денари, што беше еден од главните поводи за новинарските прашања упа

Мицкоски: Не постои владина потрошувачка кошничка, туку минимална и просечна | FinPortal.mk

Премиерот Христијан Мицкоски денеска демантираше дека потрошувачката кошничка што претходниот ден беше презентирана од страна на министерот Дурмиши е владина. С