Мицкоски на камен-темелник во Охрид: Владата целосно ќе ја поддржи инвестицијата на „АСП-ПАК“ вредна над 10 милиони евра

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид порача дека Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што создава додадена вредност и придонесува за економскиот развој на државата. Тој тоа го изјави на церемонијата на поставување камен-темелник на новиот производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“, пренесе МИА. Мицкоски изрази задоволство што компанијата, во соработка со Владата, одлучила да инвестира во нов производствен погон за производи во чие производство, како што посочи, таа е меѓу светските лидери. „Тоа претставува посебна гордост за Владата, за Охрид, но и за Македонија како држава – да имаме еден од светските лидери токму дома, кој со оваа инвестиција дополнително го зајакнува своето присуство во локалната и националната економија“, рече Мицкоски. Премиерот нагласи дека Владата ќе биде партнер на компанијата и ќе го поддржи проектот, оценувајќи дека инвестицијата носи значајна додадена вредност и ќе придонесе за зајакнување на нејзината позиција на светскиот пазар. Како особено значаен аспект на инвестицијата, Мицкоски ја посочи примената на современи технологии, односно целосната роботизација на новата производствена линија и користењето апликации на вештачка интелигенција. „За мене, како претседател на Владата, но и како професор, посебно задоволство претставува тоа што оваа линија ќе биде комплетно роботизирана и ќе се користат апликации на вештачка интелигенција, односно современа технологија од највисоко ниво“, истакна премиерот. Новиот производствен капацитет, чија вредност надминува 10 милиони евра, според Мицкоски, треба да претставува поттик и за другите инвеститори во земјава да воведуваат вештачка интелигенција и роботизирани системи, со цел зголемување и оптимизирање на производството. Во име на компанијата, директорот на „АСП-ПАК“, Кирил Спасески, се заблагодари за поддршката од Владата, за препознавањето на потенцијалот на инвестицискиот план и за склучувањето на договорот за стратешко партнерство. „За нас ова не е само

Мицкоски на камен-темелник во Охрид: Владата целосно ќе ја поддржи инвестицијата на „АСП-ПАК“ вредна над 10 милиони евра | FinPortal.mk

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Охрид порача дека Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што создава додадена вредност и придонес