Мицкоски: Можен нов ребаланс на Буџетот поради помалите приходи од акцизи и ДДВ

FinPortal.mk · 30.9.2026 г.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека до крајот на годинава е можен уште еден ребаланс на Буџетот, по оној што беше донесен во јули. Причината, како што објасни тој, се помалите средства прибрани од акцизи и данокот на додадена вредност, кои според проценките на Владата до крајот на годинава ќе достигнат 6 до 7 милијарди денари, односно околу 97 до 113 милиони евра. Мицкоски ова го изјави одговарајќи на новинарски прашања при промоцијата на реновираниот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје. Тој посочи дека кусокот во буџетските приливи е резултат на интервенциите на Владата со намалени акцизи и ДДВ, чија цел е да се амортизира порастот на малопродажните цени на нафтените деривати. „Очекуваме до крајот на годината да бидеме пократки 6-7 милијарди денари во однос на тоа што сме го планирале и затоа е можно да се случи да имаме уште еден ребаланс до крајот на годината“, рече Мицкоски. Премиерот оцени дека инфлацијата во земјава не зазела голем замав и дека два месеци по ред, условно кажано, е контролирана и е под европскиот просек. Според податоците што ги наведе, во јули инфлацијата изнесувала 2,3 проценти, во август 2,6 проценти, а наскоро ќе бидат познати и податоците за септември. „Сѐ што е во рангот на 2-3 проценти е во рамките на очекуваното“, изјави тој. Мицкоски сепак предупреди дека сериозен предизвик за сите претставува неизвесноста кога станува збор за испораките на нафта и нафтени деривати во светот, цената на берзите што во моментот е актуелна за нафтата и нафтените деривати, како и мерките што Владата ги имплементира за да го одржи ниското ниво на цените на горивата, најниско во Европа. „Тоа нас ќе не чини како Буџет, според нашите пресметки, само по основ на акцизи некаде околу 5 милијарди денари, што за економија како нашата и буџет како нашиот е огромна жртва“, истакна Мицкоски. Тој додаде дека поради намалениот данок на додадена вредност таа бројка ќе биде уште поголема, односно дека вкупната загуба за Буџетот ќе изнесува меѓу 6 и 7 милиј

Мицкоски: Можен нов ребаланс на Буџетот поради помалите приходи од акцизи и ДДВ | FinPortal.mk

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека до крајот на годинава е можен уште еден ребаланс на Буџетот, по оној што беше донесен во јули. Причината, како